Црна хроника
Пријави за разбојници што нападнале и ограбиле таксисти во Тетово
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М. П. (18) од с. Вешала, Tетовско, А. И. (17) од с. Мерово, Тетовско, А. С. (20) од селото Камењане, Тетовско поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела разбојништво и тешка кражба, против М. А. (22) од селото Боговиње и Д. С. (23) од селото Камењане поради тешка кражба.
Прво, второ и третопријавениот на 5.1.2020 на улицата Маршал Тито се качиле во такси-возило и кога пристигнале на местото, со закана со нож од возачот одзеле пари. Прво, второ и третопријавениот на 5.1.2020 на улицата Маршал Тито се качиле во друго такси-возило и на ист начин и од овој возач одзеле пари и побегнале. Трето и четвртопријавениот на 4.3.2020 на крстосницата од улицата Маршал Тито и Јане Сандански се качиле во такси-возило и кога пристигнале на бараната локација, со употреба на сила од возачот одзеле пари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пукање во Студеничани, полицијата спречена од толпа да го уапси сторителот
Вчера во 23:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 21:00 часот во с.Долно Количани, општина Студеничани, полициски службеници забележале едно лице, кое било со поголема група луѓе, како со пиштол испукало неколку проектили во воздух.
Пиштолот му бил одземен, а при обид да го приведат, полициските службеници биле спречени од толпата, по што лицето побегнало.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
21-годишен мотоциклист загина во несреќа кај Старо Нагоричане
Вчера во 16:00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локалниот пат с.Кокино-с.Длабочица, општина Старо Нагоричане, мотоцикл „јамаха“ без регистарски таблички, управуван од А.Д.(21) од Куманово, излетал од коловозот.
Од здобиените повреди на пат кон болница починал мотоциклистот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Црна хроника
Нелегално организирал коцкање, кривична пријава за жител на Кочани
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против В.Д. (39) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „комар“.
Пријавениот во претходно прилагодени помошни простории од објект за домување во Кочани, неовластено организирал и овозможувал учество во игри на среќа- комар.
Полициски службеници од ОВР Кочани извршиле претрес, при што биле затекнати 11 лица кои играле комар, а при претресот биле пронајдени пари и други предмети поврзани со организирање на комар.

