Македонија
Коронавирусот се врати во Дебар, заразена e жена која била во контакт и со медицински персонал
Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, вели дека во градот се појавил еден нов случај на жител заразен со коорнавирус.
Тој најави дека на сите кои ќе влегуваат во Дебар, од сега, ќе им се мери температура бидејќи стравуваат од втор бран на вирусот.
„Информирани сме, неофицијално, дека имаме еден случај на Ковид-19. Се работи за жена која била оперирана пред три години, а сега околу 10 навечер дошла во Општата болница Дебар, веднаш е третирана со адекватна терапија, изолирана и испратена на Клиниката за анестезиологија и реанимација каде што ѝ е земен брис за Ковид-19 и увидено е дека таа е позитивна. Овој пациент имал со контакт со домашните, но имал и посети дома, како и контакти со медицинскиот персонал кој се затекнал со дежурство вчеравечер. Дебар веќе не е зелена зона, туку има еден случај, што се очекуваше“, рече градоначалникот.
Тој кажа дека епидемиолог ги утврдува контактите, по што сите кои имале контакт со пациентката ќе бидат ставени во изолација, вклучително и медицинарите од болницата во Дебар.
Дука кажа дека МВР ќе го контролира влезот и излезот од Дебар, а на секој кој ќе влегува ќе му се мери температура.
Според статистиката на Министерството за здравство, од почетокот на пандемијата во Дебар имало 51 случај на инфекција, но откако градот беше ставен во карантин, таму немаше нови активни случаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

