Црна хроника
Убиство во Штип – Маж ја уби жената пред Домот на културата

Средовечен штипјанец во четвртокот попладне пред Домот на културата во Штип ја нападнал и, според првични информации, ја убил сопругата. Во тек е увид на истражен судија, соопштија извори од локалната власт.
Според очевидци, сопружниците разговарале седнати на клупата која веднаш се наоѓа до паркот. Во еден момент, тој ја нападнал сопругата нанесувајќи и повреди со остар предмет.Според првичните информации, жената и подлегнала на повредите а мажот наводно се обидел да се самоубие, но тоа било неуспешно. Пренесен е во клиничкиот центар во Штип и е под полициско обезбедување. Полицијата пред неполн половина час земаше изјава од синот на инволвираните во инцидентот.Никакви други детали засега не се соопштуваат, а полицијата врши истрага и забранет е секаков пристап до Домот на културата. Овој немил настан се случува само еден ден по објавувањето на информацијата дека СВР-Штип расчисти убиство од пред два месеци кога во својот дом беше убиен 46 годишниот Стоиле.М. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.