Црна хроника
Еден загинат во сообраќајка на патот Прилеп-Битола

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила во средата пред полноќ на магистралниот пат Прилеп – Битола, соопшти во четвртокот МВР.
Сообраќајна незгода се случила помеѓу ТМВ „Мерцедес 813“ со скопски регистарски ознаки управувано од Н.Н.(41) од с.Крушопек, скопско и ПМВ „Даеву Нексија“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на лице од с. РадолиштаВо несреќата загинало лицето кое го управувало „даевуто“, но засега неговиот идентитет не е познат. Се работи на утврдување на идентитето на починатото лице. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Насилство на игралиште во Охрид: 15-годишно момче физички нападнато

На 12 септември , во раните утрински часови, околу 02:15 часот, охридската полиција добила пријава за физички напад врз малолетник.
Инцидентот се случил на спортско игралиште во охридската населба Стобекс, каде неколку лица го нападнале 15-годишно момче од градот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. По негово документирање, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Маж од Зајас трагично загина во несреќа со трактор

Педесет и двегодишниот Џ.М. бил најден под трактор во кичевското село Зајас, на шумски пат.
Од извршениот увид констатирано е дека тој, управувајќи го тракторот, изгубил контрола, паднал и бил прегазен од возилото, велат од МВР.
Лекар од Итната медицинска помош од Кичево констатирал смрт без траги на насилство.
Црна хроника
Кумановци осомничени за незаконско снимање на полицијата за време на 2 Август, најдени 15 дронови

Кумановската полиција денес изврши претреси во домовите на Д.Х. (47) и Д.Г. (51), двајцата од Куманово, како и во просториите на фирма во сопственост на Д.Г. Претресите се спроведени поради сомнение за злоупотреба на лични податоци и за неовластено снимање.
Сомнежите произлегле од видео-снимки објавени на социјалните мрежи на почетокот на август, на кои со дрон била снимена зградата на кумановската полиција, службени возила и физичкото обезбедување за време на свеченоста по повод државниот празник 2 Август – Илинден.
При претресот кај Д.Х. е пронајден еден дрон, шест куршуми и неколку нотарски акти и документација, кои ќе бидат предмет на понатамошна постапка. Во домот на Д.Г. се пронајдени 14 дронови.
Со двете лица се извршени службени разговори во полициска станица. Се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.