Контакт

Европа

Следниот круг преговори за Украина на 30-ти јануари во Минск

Објавено пред

Новиот круг од преговорите за прекин на огнот во југоисточна Украина ќе се одржи во петок во Белорусија, откако украинскиот претседател Петро Порошенко ги повика рускојазичните бунтовници на разговори, а Русија предупреди на можна катастрофа доколку САД и Европа не престанат да ја поддржуваат „страната која сака војна“.

dobivaj vesti na viber

Белоруското министерство за надворешни работи објави дека следниот круг од преговорите меѓу киевските власти и претставниците на одметнатите самопрогласени ткн Народни републики во Донецк и во Луганск, со посредство на претставници на ткн Контактна група од Украина, Русија и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), во Минск на 30-ти јануари, пренесе агенцијата ТАСС.

„Контактната група го извести белоруското министерство за надворешни работи дека утре, петок 30-ти јануари, планира да одржи нов круг од преговорите“, изјавил портпаролот на белоруската дипломатија, Дмитриј Мирончик.

Како што пренесува агенцијата AFP, украинскиот претседател Петро Порошенко ја повикал Контактната група којашто ја сочинуваат поранешниот украински претседател Леонид Кучма, рускиот амбасадор во Минск Михаил Зурабов и актуелната претставничка на ОБСЕ амбасадорката, Хајди Талјавини, да организира „итни консултации (со бунтовниците) за прекин на огнот“, соопштија од неговиот кабинет по состанокот на шефот на украинската држава и Контактната група.

Претставникот на самопрогласената Народна Република Донецк, Андреј Пургин за AFP изјавил дека нивен претставник ќе учествува на средбата во Минск, доколку таа се оствари. „Доколку средбата во Минск се одржи, ние ќе учествуваме на неа, секако. Но не би избрзувал, бидејќи во минатото разговорите беа откажувани неколкупати“, додал Пургин кој на минатогодишниот референдум во Донецк беше изгласан за претседател на парламентот, и додал дека „Народната република“ ќе ја претставува неговиот пратеник Денис Пушилин, а не претседателот на „републиката“ Александр Захарченко.

Челникот на другата самопрогласена Народна република во Луганск, Игор Плотницки навестил дека овој рускојазичен регион ќе го претставува Владислав Дајнего. „Доколку бидат потпишани некои документи, Александр Захарченко и јас, исто така, ќе заминеме“, изјавил за агенцијата РИА Новости.

Во меѓувреме агенцијата Интерфакс го пренесе предупредувањето на постојаниот руски претставник во ОБСЕ, Андреј Келин, упатено до САД Европа. „Апелирам на државите кои имаат влијание врз челниците во Киев, во прв ред САД. Време е да престанете да и’ одите на рака на страната којашто сака војна. Тоа може да резултира само со голема војна“, порачал рускиот дипломат.

Последниот круг од преговорите во Минск на 24-ти декември заврши со неуспех. Потоа ситуацијата во источните региони на Украина ескалираше, во судирите меѓу украинската армија и проруските бунтовници, во кој досега од април минатата година според податоците на Обединетите нации загинале над 5.000 луѓе. Само во последните 24 часови се пријавени 11 жртви, пет украински војници, а бунтовниците известија за шест загинати цивили, додека бројот на ранетите е 40 луѓе од кои десетина цивили./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Објавено пред

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.

dobivaj vesti na viber

Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.

Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.

Прикажи повеќе...

Европа

Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Објавено пред

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.

dobivaj vesti na viber

Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.

Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Објавено пред

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.

dobivaj vesti na viber

Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.

Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.

Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Мицкоски: За прв пат на месечно ниво имаме базична инфлација во негатива

„Тоа е месечната ставка, вклучително и годишната ставка ако се гледа споредено со јули имаме намалување од 4,9 на 4,4...

Македонија2 часа

(Видео) Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ: Петровска побара декласификација од АНБ

Не знам дали Агенцијата за национална безбедност ќе има слух да изврши декласификација или делумна декласификација сѐ во интерес да можеме...

Македонија3 часа

Со 2,5 милиона денари интервентно ќе се заштитува „Македониумот“, а странски експерти ќе работат на трајна заштита

Споменикот „Македониум“ над Крушево до крајот на оваа година ќе биде итно заштитен од пропаѓање, а за в година Владата...

Македонија3 часа

Али и Мали, Мицкоски подолг период го моли „превоспитаниот” Ахмети да влезе во Владата, вели Жерновски

ВМРО- ДПМНЕ дојде на власт врз основа на две ветувања. Прво, дека ќе го поништи “штетниот” Преспански договор, со што...

Свет5 часа

Фон дер Лајен: Европа ќе го брани секој квадратен сантиметар од својата територија

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, го одржа своето традиционално обраќање за состојбата на Европската Унија пред...

Македонија5 часа

ЛДП: Новите регистарски таблички за службените возила ќе значат крај на злоупотребите

По иницијативата за намалување на банкарските трошоци, уште еден предлог на Либерално-демократската партија (ЛДП) добива реализација, службените возила добиваат посебни...

Македонија6 часа

Дали Македонија станува третата српска република, прашуваат од ДУИ

Демократската унија за интеграција е загрижена и алармира до јавноста дека Северна Македонија се соочува со отворена офанзива на злогласниот...

Европа8 часа

Завршена полската воена операција

Полската војска ја заврши својата воена операција откога собори беспилотни летала што влегоа во полскиот воздушен простор во текот на...

Свет8 часа

(Видео) Трамп прашан за дроновите во Полска додека излегуваше од ресторан, не одговори

Полската војска рано утрово објави дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Европа8 часа

Украина предлага нов пристап по упадот на дроновите во Полска: „Путин продолжува да ескалира, да ја проширува својата војна и да го тестира Западот“

Упадот на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор покажува дека „чувството на неказнивост на Путин продолжува да расте“, предупреди...

Свет9 часа

Катарскиот премиер: Преговорите со Израел во моментот нема да дадат плод

Премиерот на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани, вчера изјави дека напорите за медијација се дел од идентитетот на Катар...

Европа9 часа

(Видео) Полската војска за руските дронови: Тоа е чин на агресија

Полскиот воздушен простор беше повеќе пати нарушен од руски беспилотни летала за време на синоќешниот напад врз Украина, потврди Оперативната...

Европа9 часа

(Видео) Пристигнуваат снимки од Полска: „На ‘Флајтрадар’ можеше да се види сè во реално време“

Полската војска рано утрово соопшти дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Европа10 часа

Туск: Операцијата е во тек

Полскиот премиер Доналд Туск потврди дека е во тек операција „поврзана со повеќекратни нарушувања на полскиот воздушен простор“. Во објава...

Европа10 часа

Дронови влегоа во полскиот воздушен простор, Полјаците ги соборија

Полската војска рано утрово соопшти дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Македонија20 часа

Постои сомнеж дека пожарот во Дрисла е подметнат

Скопската противпожарна бригада со сити сили се обидува да го локализира пожарот во депонијата Дрисла. Направен е противпожарен појас за...

Македонија22 часа

Пожар на депонијата Дрисла, Ангелов смирува дека не е алармантно, но е сложено поради хемиските процеси

Пожар избувна на депонијата Дрисла. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека пожарот не е алармантен,...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче во Франција: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси

Македонија мора да продолжи по европскиот пат, активно, со резултати и визија, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко...

Македонија1 ден

Нема казни за институциите што до 29 септември нема да стават црвени таблички на службените возила, ќе го направат тоа при регистрација

Институциите што до 29 септември нема да ги сменат табличките на службените возила за да се спречат приватни и партиски...

Економија1 ден

Поскапуваат бензините и дизелот

Од ноќеска на полноќ цените на бензините и на дизелот ќе се зголемат за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за...