Европа
Камерон сака што поскоро да го одржи референдумот за излегување од ЕУ
Премиерот Дејвид Камерон истакна во неделата дека би сакал што поскоро да се одржи референдумот за излегување на Велика Британија од Европската унија, пред крајот на 2017 година, што го вети доколку победи на изборите коишто ќе се одржат во мај годинава.
„Референдумот треба да се одржи пред крајот на 2017 година. И бил пресреќен кога тоа би можеле да го сториме и порано. Колку поскоро ќе можам да го исполнам ветувањето дека ќе испреговарам нови услови за членство во Европската унија и ветувањето за референдумот, тоа подобро“, изјави британскиот премиер Дејвид Камерон во интервју за јавниoт сервис BBC.
Камерон одамна вети дека до крајот на 2017 година ќе распише референдум за останува на земјата во реформираната Европска унија доколку неговата конзервативна партија победи на парламентарните избори во мај.
Доколку не успее со Брисел да ги испреговара реформите на ЕУ, Камерон „не исклучува ниедна можност“, повтори во неделата и се закани дека ќе поведе кампања за излегување на Велика Британија од Европската унија.
Под притисок на јавното мнение и евроскептиците, Камерон кон крајот на ноември претстави план со кој сака да го ограничи приливот на источноевропските работници во Велика Британија, така што на тие лица ќе им се ограничи пристапот до социјалните бенефиции. Меѓутоа, призна дека за спроведување на таквите ограничувања треба да бидат изменети европските договори.
Камерон се откажа од другите можности, како што се воведување на квотите за доаѓање на странците, бидејќи на тоа се спротиставија европските партнери потсетувајќи го дека со тоа би го прекршил темелното право на ЕУ з слободата на протокот на луѓе во Европа.
Меѓутоа, Камерон не може да биде сигурен во изборната победа, бидејќи во моментов анкетите им даваат блага предност на лабуристите. Од друга страна, се стравува од уште поголем успех на евроскептичната партија UKIP, која токму на споменатите ограничувања на имиграцијата ја гради својата програма и оствари добар резултат на изборите за Европскиот парламент во мај а потоа и на делумните избори за британскиот парламент, откако двајца конзервативни пратеници минаа во нејзините редови./крај/мф/сн
Извор: BBC
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.

