Контакт

Европа

Путин: Неопходно е да се одговори на надворешните обиди за дестабилизација на Крим

Објавено пред

Федералните и локалните власти мораат оперативно да реагираат на обидите на надворешните сили да ја дестабилизираат ситуацијата на Крим, предупреди во средата рускиот претседател Владимир Путин при посетата на црноморскиот пристанишен град Севастопол.

dobivaj vesti na viber

Претходно на советувањето за безбедносната ситуацијата на Крим, рускиот претседател Владимир Путин рече дека и натаму е силна заканата за дестабилизација од страна на „надворешни сили“ преку извршување диверзии и други саботажи за што се обучуваат луѓе. Според него, целта на таквите активности е јасна „да се дестабилизира ситуацијата, да се поремети нормалниот живот на населението и економскиот развој на регионот“. „Ќе се обидат на секој начин да го дестабилизираат полуостровот, за што ќе играат на националистичката карта, или користење на грешки и неефикасни чекори на властите“, предупреди.

Според Путин, „во некои престолнини отворено се зборува за тоа, за неопходноста од спроведување субверзивни активности, за формирање соодветни за таа цел структури, се врбуваат и обучуваат кадри за извршување саботажи, и вршење радикална пропаганда“.

Сите тие опасности, смета рускиот претседател, треба да се земат предвид, и „да се одговори соодветно, и од страна на федералните и од локалните власти“. „Ништо не треба да се преувеличува, и не треба да се притиска, но мора да се има на ум и да се биде подготвен да се реагира на тоа“, рече Путин, придружуван од премиерот Дмитриј Медедев, шефот на администрацијата на Кремљ, Сергеј Иванов, и други челници од сфера на одбраната и економијата. Во март 2014 година по неколкумесечната политичка криза во Киев започната во декември 2013-та кога тогашниот претседател Виктор Јанукович одлучи да го суспендира потпишувањето на Спогодбата за придружување и слободна трговија со Европската унија и откако на крајот од февруари беше соборен од власта од прозападната опозиција која го обвини за свртување на земјата кон Москва, кога новите власти во Киев назначија своја управа и го укинаа законот со што рускиот јазик го загуби статусот на службен, на 16-ти март се одржа кримскиот референдум на кој според организаторите се 96,77 отсто од избирачите гласале за присоединување на Руската Федерација, што на 18-ти март беше одобрено од руската Државна дума и Советот на Федерацијата, двата дома на рускиот парламент.

Уште во 1992 година требаше да се одржи референдум за тоа дали Крим ќе биде дел од Русија или од Украина. Меѓутоа, украинските власти со спречија референдумот, ги распуштиja тамошните органи, а тогашниот претседател на Автономната Република Крим го отстраниja од должноста, но за возврат му дадoa широка автономија со право на самоодлучувањe.

Меѓутоа, Западот го смета Крим за нелегално анектирана украинска територија од страна на Русија. /крај/мф/сн

Извор: РИА Новости



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Дали знаете зошто папите не ги користат своите вистински имиња за време на службите

Објавено пред

Американскиот кардинал Роберт Франсис Превост е избран за 69-ти поглавар на Католичката црква. Тој го избрал Лав XIV како свое папско име.

dobivaj vesti na viber

Но, дали всушност знаете зошто папите ги менуваат своите имиња кога се избрани? Станува збор за – традиција што трае веќе 470 години.

Иако не е задолжително да ги менуваат своите имиња, новоизбраните папи во повеќето случаи го земаат името на својот предок, изразувајќи ја со тоа својата желба да го следат нивниот пример. Овој преседан го постави првиот папа. Свети Петар чие родено име беше Симон. Новото име може да означува и „ново раѓање“ на почетокот на папството.

Со изборот на името Лав, новиот папа им се придружи на 13-те претходници кои го носеа истото име. Меѓу нив е и Лав XIII, познат по својот реформистички дух и неговата енциклика Rerum novarum од 1891 година, во која се нагласуваше човечкото достоинство и достоинството на работата. Свештеникот Кристофер Робинсон од Универзитетот ДеПол истакна дека ова е основата на современото социјално учење на Црквата. „Со изборот на името Лав XIV, тој ја покажува својата посветеност на општественото учење на Црквата кое го зацврстил Лав XIII“, рече свештеникот и експерт за Ватикан Томас Рис.

Папската историја изобилува со примери за такви симболични избори. На пример, папата Франциско, роден како Хорхе Марио Берголјо, го избрал своето име по Свети Франциск Асишки, „човек на сиромаштија, мир и љубов кон творението“, велејќи дека сонува за Црква „која е сиромашна и за сиромашните“.

Последниот папа со името Лав бил Лав XIII, чие вистинско име било Џоакино Винченцо Рафаеле Луиџи Печи.

Прикажи повеќе...

Европа

Илјадници протестираа во Словачка. „Фицо го помина Денот на победата со воен злосторник“

Објавено пред

Неколку илјади демонстранти вчера излегоа на улиците на словачкиот главен град Братислава и други градови за да протестираат против посетата на премиерот Роберт Фицо на Москва.

dobivaj vesti na viber

Фицо присуствуваше на годишната руска воена парада по повод победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија. Додека поголемиот дел од Европа ја одбележа годишнината завчера, Русија секогаш ја одржува својата парада на победата на 9 мај. Фицо беше единствениот лидер на земја-членка на Европската Унија што присуствуваше на настанот и беше критикуван за неговиот проруски став.

Најголемиот протест се одржа во Братислава. „9 мај е Ден на Европа, но не за секого. Роберт Фицо ќе го помине со воен злосторник“, објави организаторот на протестот на Фејсбук, алудирајќи на рускиот претседател Владимир Путин.

Шефицата на ЕУ, Каја Калас, исто така, остро го критикуваше патувањето на Фицо во Москва. „Секој што ја поддржува слободата, независноста и европските вредности треба да биде денес во Украина, а не во Москва. Фицо е на погрешната страна“, рече таа.

Словачкиот премиер го бранеше своето патување во пораки на Фејсбук до своите поддржувачи. Тој рече дека неговото патување е за да им оддаде почит на оние што загинаа за ослободувањето на Словачка од нацистичката власт.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Макрон, Мерц, Стармер и Туск заедно во Украина: „Ќе го зголемиме притисокот врз Русија“

Објавено пред

Лидерите на Франција, Велика Британија, Германија и Полска денес се во Украина, во првата таква заедничка посета, за да разговараат со претседателот Володимир Зеленски и да ветат дека ќе го зголемат притисокот врз Русија додека не се постигне договор за прекин на огнот.

dobivaj vesti na viber

Патувањето на францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, полскиот премиер Доналд Туск и британскиот премиер Кир Стармер е првпат лидерите на четири европски нации заедно да ја посетат Украина.

Тројцата западноевропски лидери утрово заедно излегоа од возот од Полска, а подоцна треба да им се придружат на полскиот премиер, кој пристигна одделно во Киев, и на украинскиот претседател.

Овој високо симболичен израз на европското единство дојде повеќе од три години по руската инвазија и еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин упати пркосен тон на парадата во Москва по повод 80-годишнината од победата во Втората светска војна.

Американскиот претседател Доналд Трамп предложи 30-дневен безусловно примирје како чекор кон завршување на конфликтот. Но, Путин се спротивставува на предлогот. „Заедно со САД, ја повикуваме Русија да се согласи на целосно и безусловно 30-дневно примирје за да се создаде простор за разговори за праведен и траен мир“, изјавија лидерите во соопштението пред посетата.

„Подготвени сме што е можно поскоро да ги поддржиме мировните преговори, да разговараме за техничката имплементација на прекинот на огнот и да се подготвиме за сеопфатен мировен договор“, додадоа тие.

„Јасно ни е дека крвопролевањето мора да престане, дека Русија мора да ја запре својата нелегална инвазија и дека Украина мора да може да напредува како безбедна, сигурна и суверена нација во рамките на своите меѓународно признати граници со генерациите што доаѓаат“, рекоа тие.

Тие предупредија дека ќе продолжат да ја зголемуваат својата поддршка за Украина. „Додека Русија не се согласи на трајно примирје, ние ќе го зголемиме притисокот врз руската воена машинерија“, рекоа тие.

Во денешно интервју за Еј-би-си Њуз, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека испораките на оружје од сојузниците на Украина мора да престанат пред Русија да се согласи на прекин на огнот.

Во спротивно, примирјето би било предност за Украина во време кога руските трупи напредуваат на прилично самоуверен начин на фронтот, рече Песков, додавајќи дека Украина не е подготвена за непосредни преговори.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ41 минута

Тело на почината жена пронајдено во водите на Калиманско езеро

Вчера во 09.45 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека во водите на Калиманско езеро била пронајдена почината...

Македонија2 часа

СДСМ: Очекуваме ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за настраданите во Кочани

„Предлог-законот за поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани, предложен од СДСМ, е чин на човечност, солидарност и...

Свет3 часа

(Фото) Како изгледа индиски Кашмир по нападот од Пакистан

Пакистанската армија објави дека Индија извршила напади врз неколку пакистански воени бази во текот на ноќта. Исламабад објави дека, како...

Европа3 часа

(Видео) Макрон, Мерц, Стармер и Туск заедно во Украина: „Ќе го зголемиме притисокот врз Русија“

Лидерите на Франција, Велика Британија, Германија и Полска денес се во Украина, во првата таква заедничка посета, за да разговараат...

Свет5 часа

Пакистан: Индија ги нападна нашите воени бази, започнавме операција за одмазда

Пакистанската војска објави дека Индија извршила напади во текот на ноќта врз неколку пакистански воени бази, вклучувајќи локации во близина...

Свет5 часа

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната меѓу Русија и Украина е оправдано

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека учеството на Северна Кореја во војната меѓу Русија и Украина е оправдано, нарекувајќи го...

Македонија6 часа

Истрага за убиството во Штип: 21-годишникот купил пиштол во Скопје и со умисла лишил од живот едно лице

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против вкупно 5 лица, од кои првоосомничениот како директен извршител...

Топ17 часа

Уапсен битолчанецот кој со нож се закануваше на маж на “Широк сокак”

Денеска на ул. “Св.Кирил и Методиј” во Битола полициски службеници го лишија од слобода М.Ш.(36) од Битола. Тој претходно, пред...

Свет19 часа

Полскиот премиер: „Срамно е да се биде на парада во Москва и да му се аплаудира на Путин“

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека сите што присуствувале на воената парада во Москва на Денот на победата се посрамотија....

Македонија23 часа

Измами со превозот на ученици – пријава против ексдиректорка на училиште од Куманово, шест вработени во МОН и две фирми

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште од Куманово, шест вработени во Министерството за образование и наука,...

Македонија24 часа

Во Кочани си дојдоа деца што цел живот ќе немаат раце, толку бргу ли нè заборавивте? – проговори мажот што се врза за бандера во Скопје

Мажoт, кој на скопскиот плоштад се залепи со селотејп за бандера, го направил тоа за да испрати силна порака и...

Македонија1 ден

„Да, виновен сум“ – Васил Јованов призна вина за сообраќајната несреќа, во која загина Фросина

Васил Јованов на денешното прво рочиште призна вина за сообраќајната несреќа, во која загина Фросина Кулакова. Одговарајќи на прашање на...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска за убиството во Штип: Како е возможно турски државјанин да поседува пиштол

Безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена. Македонија гори од насилство, убиства по улици, криминал и безредие. Вчерашното убиство во Штип...

Македонија1 ден

Време е да сфатиме дека „Генералка викенд“ треба да прерасне во генералка 365 дена, вели претседателката Сиљановска-Давкова   

Просторот околу скопскиот акведукт, кој со децении е депонија, треба да прерасне во парк, заклучија утрово претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот...

Македонија1 ден

(Видео) Убиецот имал четворица помагачи, сите се oд Турција и се приведени

Четворица помагачи имал убиецот кој пукаше во кафуле во Штип. МВР соопшти дека било пукано кон Е.О.(25) од Република Турција, по...

Македонија1 ден

Уапсен убиецот што вчера пукаше во Штип

Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент...

Македонија1 ден

„Влен“: 9 и 10 мај – црни денови во Куманово, албанските куќи гореа додека министрите на ДУИ се чешлаа

„Во темната колективна меморија на Албанците во Северна Македонија, 9 и 10 мај 2015 година ќе останат засекогаш како денови...

Топ1 ден

Извршен увид по пукањето во Штип: убиениот и напаѓачот се странски државјани

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип ноќеска вршеше увид на локација во кафе бар каде едно лице беше лишено...

Европа1 ден

Британскиот премиер: Ќе направиме сè за да ја уништиме операцијата на руската флота во сенка

Велика Британија објави дека ќе санкционира до 100 танкери за нафта од таканаречената руска флота во сенка, со цел да...

Свет1 ден

Џеј-Ди Венс: Војната меѓу Индија и Пакистан не е наша работа

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека Индија и Пакистан треба да ги деескалираат тензиите, но додаде дека САД не...