Црна хроника
Момче претепано во 57-ка

Две непознати лица во петокот вечерта од засега непознати причини претепале момче во градски автобус во Скопје, нанесувајќи му видливи повреди на главата.
Како што соопшти во сабоата МВР, нападнат бил 22-годишниот С.О. од селото Радишани, кој се возел во автобус на ЈСП бр. 57 на релација од Бит пазар кон населбата Бутел.Момчето е нападнато кај семафорите на улицата „Џон Кенеди“ од страна на две непознати лица, при што бил удиран со тупаници по главата и лицето, од што се здобил со видливи повреди, крварење од носот, црвенило по лицето и оток на главата. Откако го натепале, лицата го напуштиле местото на настанот, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на непознатите напаѓачи. /крај/ап/сн/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.