Црна хроника
Илјадници евра украдени од куќи во Битола и Скопје
Крадец украл околу 17 илјади евра од куќа во Битола, а 10.000 евра биле украдени и од куќа во Скопје, соопшти МВР.
Непознат сторител со прекачување преку покривот влегол во куќата во Битола и украл две патни исправи и 16.000 до 17.000 евра.
Во Скопје, крадец украл 4.300 евра, 15.000 денари, златен и сребрен накит во вредност од 10.000 евра.
Полицијата трага по крадците./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се запали автомобил во двор во охридското село Лакочереј
Вчера во 13.26 часот во СВР Охрид било пријавено дека во двор во село Лакочереј, Охридско, настанал пожар во патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на Л.С. од Охрид.
Екипа од Територијалната противпожарна единица Охрид го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид бил извршен.
Црна хроника
Со автомобил тешко повредил жена во Прилеп и побегнал
Вчера во 18.50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„11 Октомври” во Прилеп, патничко возило удрило во пешакот Ж.М.(56) од Прилеп, по што возачот го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ж.М., констатирани во Градската болница Прилеп.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.
Црна хроника
Паднат и со повреди во подземна гаража во Скопје е најден маж од Велика Британија
Во подземна гаража на улица „Анастас Митрев“ бил пронајден паднат и со повреди Х.К.Р.(58) од Велика Британија.
Како што информира денеска МВР, случајот синоќа, во 21:35 часот, бил пријавен во СВР Скопје. Лицето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.