Регион
Косово сака мировен договор со Србија
Шефот на косовската дипломатија Енвер Хоџај, во интервју за словачкиот весник Pravda, изјавил дека дијалогот меѓу Белград и Приштина не може да трае вечно, и дека Косово пред влегувањето на Србија во Европската унија (ЕУ) сака да потпише мировен договор.
„Дијалогот не може да трае бесконечно. Мора да води некаде. Пред Србија да стане членка на ЕУ треба со нас да постигне правно обврзувачки договор за односите. Тоа е терминот кој го користи Унијата“, рекол Хоџај, додавајќи дека таквиот договор, „еднаш и засекогаш би ги затворил лошите поглавја од стогодишниот конфликт“.
„Дијалогот треба да води до признавање на Косово како независна држава, наш прием во меѓународните организации, вклучувајќи ги ОН, како и воспоставување на дипломатски односи меѓу Белград и Приштина“, нагласил Хоџај.
Шефот на косовската дипломатија потенцирал дека Србија не го признала Косово, но ја прифатила неговата политичка егзистенција.
„Не тврдам дека Белград го призна Косово. Меѓутоа ја прифати политичката реалност. На тој начин ја сфаќам и мојата посета на Белград. Тоа беше неформална средба, но добив покана како и сите останати“, рекол Хоџај и додал дека исто така ќе му упати покана и на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, кога Косово ќе организира конференција за шефовите на дипломатиите од регионот./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Вучиќ: Зад мене ќе остане најдоброто време за Србија во нејзината историја
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на социјалните мрежи објави видео со порака:
„Јас живеам за Србија. Дали ме сакаат или не, резултатите кажуваат сè“, вели тој.
View this post on Instagram
„Зад мене ќе остане најдоброто време за Србија во нејзината историја. Србија реално ги има највисоките плати во својата историја. Србија реално ги има највисоките пензии во својата историја. Србија ја изгради својата патна и железничка инфраструктура како никогаш досега во својата историја. Дали е сето тоа точно, Србија ја изгради својата научна и технолошка инфраструктура, Србија никогаш во својата историја не давала толку пари како што дава денеска за земјоделството. И тоа е наследство од мојата политика, му се допаѓало тоа некому или не. Тоа се резултатите, сакале вие тоа да го признаете или не“, вели Вучиќ.
Регион
Во грчките пристаништа ветерот го запре поморскиот сообраќај – транспортот до многу острови е невозможен
Поморскиот сообраќај во многу пристаништа во Грција е во прекин поради силниот ветер.
Според грчката државна телевизија ЕРТ, поради силните ветрови на Егејското Море, воведена е забрана за пловидба во многу пристаништа, меѓу кои Пиреја, Лаврио, Рафина, Волос и Кавала.
Поради забраната, значително е во прекин поморскиот сообраќај во целата земја, а транспортот до многу острови во моментот не е можен, пренесуваат медиумите.
Според податоците на грчката метеоролошка служба, се проценува дека брзината на ветерот во регионот денеска ќе се зголеми, што значи дека би можел да достигне ниво на брзина на урагански ветер од 89 до 102 километра на час.
Регион
Во Црна Гора во тек е полициска акција против тутунската мафија
Во Црна Гора се презема акција против тутунската мафија.
Акцијата е иницирана од Специјалното полициско одделение по наредба на Специјалното државно обвинителство (СДТ), пренесуваат локални медиуми.
Акцијата е со цел да се спречи шверцот на цигари преку пристаништето Бар, според порталот РТЦГ.
Станува збор за континуирана акција против нелегалната трговија со цигари.
Повеќе детали за акцијата засега не се познати.