Македонија
Филипче: Повеќето од пациентите се асимптоматски, само 14 проценти се хоспитализирани
Министерот за здравство, Венко Филипче, обидувајќи се да го објасни новиот засилен бран на коронавирусот во земјата, рече дека повеќето од пациентите се асимптоматски или со лесна клиничка слика, а само 14-ина проценти се хоспитализирани.
Во однос на зголемената смртност, Филипче тврди дека повеќето од нив, околу 76 отсто, имале многубројни коморбодитети, односно болести на кардиоваскуларниот систем, на белите дробови или дијабетес. Од 193 починати, вели Филипче, повеќето имаат над 60 години.
Со оглед на тоа што голем дел од медицинскиот кадар работел постојано, секој ден, сега се врши ротација на кадараот. Засилен е кадарот на Инфективната клиника и во ГОБ „8 Септември“.
На Инфективната клиника дојдени се пет доктори од другите клиники и 27 медицински сестри, а во ГОБ „8 Септември“ шест доктори и 20 медицински сестри.
„Монтажната болница е достапна и подготвена. Таму има 70-ина кревети, тријажен центар, дел за хоспитализација и амбулантски дел“, вели Филипче.
На Инфективната клиника во моментот има 95 пациенти, од кои 37 се на кислородна поддршка. Во ГОБ „8 Септември“, пак, има 113 пациенти, од кои 10 се на респиратор, а 21 се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола има еден потврден случај на болничар позитивен на коронавирусот, а двајца негови колеги се во изолација. Денеска, еден од хирурзите пријавил симптоми на Ковид-19 и денес ќе се знае дали и тој е позитивен на коронавирусот.
На другите одделенија во другите градови во земјата има уште 66 пациенти, информира министерот за здравство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

