Македонија
Филипче: Лицата што треба да одат во самоизолација ќе се објавуваат јавно

Здравствените власти во соработка со правници ја разгледуваат можноста јавно да објавуваат списоци на лица што треба да бидат во самоизолација. На ваков чекор се одлучиле оти бројот на лица што одбивале да ги примат решенијата за самоизолација е голем.
„Ова е сериозен проблем со кој се соочуваат инспекторите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Има луѓе што не ги примаат решенијата и од разни причини стојат зад тоа. Има луѓе што даваат грешни адреси и телефони во анкетите во однос на контактите, па инспекторите не може да ги најдат овие лица, што претставува серозен ризик. Се размислуваше и за алтернативна правна форма како овие решенија да се поделат. Една од опциите, и тоа многу бргу ќе го расчистиме, е јавно да се објави список на лицата што треба да бидат во самоизолација според Законот за управната постапка. Навистина многу време се губи во нивно делење и се загрозува јавното здравје, особено од страна на лицата што не сакаат да излезат во пресрет и да се соработуваат со епидемиолозите и со Државниот санитарен инспекторат“, рече министерот за здравство, Венко Филипче.
Начинот и местото каде што ќе се објавуваат имињата на лицата кои треба да бидат во самоизолација дополнително ќе се утврди. Министерот Филипче не ја исклучи можноста списоците да се објавуваат на веб страницата на Министерството за здравство и секое објавено решение ќе се смета дека е стапено на сила.
Минатата недела помош за подготовка и делење на решенијата за изолација и самоизолација побарале од Собранието. Во пресрет им излегла правната служба која од четвртокот подготвувала и делела решенија заедно со епидемиолозите и инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Според податоците на Центарот за управување со кризи од почетокот на епидемијата издадени се вкупно 12.351 решение за самоизолација од кои 88 се издадени денес, а во моментов во самоизолација се 1704 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова-Саид Ал-Хајарин: Единството на малите и средни држави може да биде важен фактор во обликувањето на глобалната политика

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Рашид бин Саид Ал-Хајарин, вршител на должност во aмбасадата на државата Катар во Скопје.
На средбата беа разменети мислења за севкупниот развој на билатералните односи, при што Сиљановска-Давкова изрази подготвеност и отвореност за нивно зајакнување и унапредување. Според неа, единството на малите и средни држави може да биде важен фактор во обликувањето на глобалната политика.
Одбележувањето на три децении дипломатски односи следната година, според претседателката, е добра можност за интензивирање на контактите на највисоко политичко ниво, со очекувано позитивно влијание врз развојот на односите во енергетиката, градежништвото, земјоделството, образованието, културата, науката и туризмот.
Сиљановска-Давкова го истакна интересот за унапредување на економската и трговската соработка и ја посочи отвореноста за директни инвестиции од Катар. Таа изрази очекување за наше вклучување во проектот за извоз на природен гас од Катар, како и за повторно воспоставување на директна авионска линија Скопје-Доха.
Соговорниците разменија мислења и за состојбите на Блискиот Исток, при што се истакна важната улога којашто Катар ја има во напорите за обезбедување мир и стабилност во регионот.
На претседателката Сиљановска-Давкова и беше врачена покана од неговото височество шеик Тамим Бин Хамад Ал-Тани, емир на Државата Катар, за учество на Вториот светски самит за социјален развој што ќе се одржи во Доха во ноември, клучна платформа за глобален дијалог и соработка за општествен напредок во време на растечки нееднаквости, демографски промени и брза технолошка трансформација.
Македонија
До 15 септември сите службени возила ќе имаат таблици во боја

Сите државни институции и јавни правни лица имаат обврска најдоцна до 15 септември 2025 година да ги заменат регистарските таблици на службените возила со нови, специјални таблици во боја. Оваа одлука е донесена на денешната владина седница, по иницијатива на директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски.
Од СОЗР појаснуваат дека целта на оваа мерка е зголемување на транспарентноста, отчетноста и воспоставување контрола во користењето на службените возила.
Обележувањето на возилата ќе овозможи граѓаните лесно да ги разликуваат од приватните, со што ќе се спречи нивна злоупотреба за лични, приватни или партиски цели.
Во наредниот период ќе биде отворена и телефонска линија на која граѓаните ќе можат да пријавуваат неправилна употреба на службените автомобили. Секоја пријава ќе биде евидентирана и ќе се постапува согласно законските процедури.
Во завршна фаза е и изготвувањето на централен регистар за сите службени возила, кој ќе обезбеди дополнителна контрола и увид во нивното користење.
Македонија
Со 71 глас „за“, изгласана интерпелација на државниот обвинител Љупчо Коцевски

Собранието денес ја изгласа интерпелацијата на државниот обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од партијата „Левица“. Со 71 глас „за“, без воздржани и без гласови против, Собранието констатира дека наводите во интерпелацијата се основани.
Партијата Левица ја поднесе интерпелацијата минатиот месец поради селективност во истрагата за пожарот во Кочани, политичко влијание во работата на Обвинителството, функционален хаос во Вишото јавно обвинителство Скопје и непостапување по службена должност за дивоградбите во Скопје.
Пред почетокот на седницата, на прес-конференција, пратеникот од СДСМ, Јован Митрески кажа дека партијата нема да учествува во гласањето оти интерпелацијата за јавниот обвинител, Љупчо Коцевски, нема правни последици туку дека е негова одлука дали ќе остане на функцијата. Митрески нагласи дека како пратеничката група на СДСМ и Коалицијата останува на принципиелниот став дека јавното обвинителство мора да биде независно, ослободено од политичко влијание и притисок и сите одлуки мора да се по словото на законот и никако поинакви.