Македонија
Босанскиот амбасадор Јаќимовиќ: Сакаме да ги зближиме нашите народи, дониравме на многудетни семејства

Амбасадата на Босна и Херцеговина во Македонија подари покуќнина на две социјални семејства од селото Кучевиште. Донацијата ја предаде амбасадорот Драган Јаќимовиќ, кој денес ги посети семејствата Нешковиќ и Перовиќ. На семејствата им подари кујни, кревети, ламинат и плакари.
„Нашата цел е да ги зближиме нашите народи. За оваа донација се решивме кога слушнавме во какви услови живеат двете семејства, а клучно беше тоа што и едното и другото семејство се многудетни. Мора да се помага, без оглед на вера и националност“, изјави амбасадорот Јаќимовиќ за „А1он“.
Семејството Нешковиќ има три деца, а семејството Перовиќ четири. Двете семејства се во социјален ризик. Дека им треба помош, амбасадорот дознал од градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, а за целата акција поддршка добиле и од техничкиот премиер, Оливер Спасовски.
Кучевиште е скопско село, во кое повеќето од жителите се декларираат Срби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од општините Кисела Вода, Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од булевар Борис Трајковски – крак 20 во Усје. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Божидар Рајковиќ, дел од корисниците од улиците Горноврановска и Горно Лисиче (општина Аеродром ) како и дел од корисниците лоцирани околу улицата Брсјачка Буна бр. 163. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги информира граѓаните дека, денеска:
· Поради изведување на водоводен приклучок ф 100 мм на улицата Призренска 22 бр.46Е, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Призренска 22 од 10:00 часот до завршување. (Општина Бутел)
Македонија
Променливо облачно време со сончеви периоди

Времето денес ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер (над 60 километри на час). Кон крајот на денот облачност ќе се намали.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Кон крајот на денот облачност ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Во четврток времето ќе биде посвежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 километри на час). Во деновите потоа ќе преовладува сончево време со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во постепен пораст.