Свет
Кинески милијардер киднапиран во сопствената куќа, пет часа држен како заложник
Кинески милијардер и еден од најбогатите луѓе во Кина бил киднапиран во сопствената куќа. Неколку часа заедно со членови од неговото семејство поминале како заложници во драматичен обид за киднапирање. Неговиот син наводно побегнал и препливал река за да ја извести полицијата, пренесува Си-ен-ен.
Хе Ксиангџијан (77), кој се наоѓа на листата на најбогати на Форбс и се проценува дека има над 24 милијарди долари, во неговиот дом во градот Фошан бил киднапиран од петмина луѓе. Полицијата не објави премногу детали за киднапирањето и не ги именуваше жртвите. Но, од компанијата „Мидеа“, чиј сопственик е Ксиангџијан, по киднапирањето и` се заблагодарија на полицијата.
Бизнис-магазинот „Секјурити тајмс“ објави дека во првиот повик на полицијата се споменало дека напаѓачите со себе можеби имаат експлозив. Кинеската државна телевизија ЦГТН објави дека полицијата примила повик во неделата околу 17:30 часот. Им било кажано дека некој провалил во приватна куќа на милијардерот и дека во неа држи луѓе како заложници и им се заканува.
Исто така, јавено е дека синот на милијардерот успеал да побегне пливајќи во река, по што ја известил полицијата. Во полициската акција која следела по повикот, пет лица се уапсени, а никој не е повреден.
Компанијата „Мидеа“ е формирана во 1968 година и се занимава со производство на електрични уреди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви
Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз што доаѓаше од спротивната насока. Полицијата се сомнева во убиство и започна истрага, а според првичните информации, сторителот и жртвата не се познавале, пишува Шпигел.
Според досегашните сознанија на полицијата, жртвата е 18-годишна девојка која чекала на перонот воз во правец на центарот на градот.
Сторителот, 25-годишен маж по потекло од Јужен Судан, стоел одвоено од неа. Во еден момент, тој одеднаш ѝ се приближил, ја зграпчил и, од сè уште непознати причини, ја влечел на шините, точно пред возот што влегувал во станицата. Двајцата починале на местото на несреќата.
Свет
46 жртви во железничката несреќа во Шпанија
Смртта на 43-годишна жена која била на одделот за интензивна нега во болницата Реина Софија во Кордоба го зголеми бројот на жртви во железничката несреќа кај Адамуз, која се случи на 18 јануари, на 46, соопштија владини извори.
Дваесет и осум од вкупниот број жртви биле од провинцијата Уелва, пренесе „Паис“.
Жртвата, жителка на Ла Палма дел Кондадо, била меѓу патниците на возот Алвија од Мадрид. Во моментот на несреќата се враќала по полагање испит за затворски чувар. По несреќата била на интензивна нега поради сериозни проблеми со белите дробови.
Од вчера, 16 од 126-те повредени патници и понатаму се во болниците во Андалузија, од кои двајца се на интензивна нега. Андалузиската здравствена служба извести за уште едно отпуштање од болница и за еден пациент кој го напуштил одделот за интензивна нега.
Поради смртта на најновата жртва, шпанската влада одлучи да ја одложи државната комеморација закажана за денеска. Шпанскиот премиер Педро Санчез вети дека државата ќе продолжи со истрагата и ќе им дава поддршка на семејствата погодени од трагедијата.
Свет
Пак загинати во израелски напади во Газа
Најмалку 12 Палестинци утрово загинаа во израелски напади на јужниот и северниот дел на Појасот Газа, соопштија болниците во Газа.
Ова е еден од израелските напади со најголем број жртви откако стапи во сила примирјето во Појасот Газа на 10 октомври.
Во нападите се погодени локации на северот и југот на Појасот Газа, вклучувајќи станбена зграда во градот Газа и шатор во Кан Јунис, рекле официјални претставници на болниците. Тие навеле дека меѓу жртвите има две жени и шест деца.
Министерството за здравство на Газа, кое е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500 Палестинци се убиени во израелски напади од почетокот на примирјето на 10 октомври.

