Македонија
(Видео) Николовска: Заев ја користи власта за да си ги помага своите бизниси
Зоран Заев кажа дека секоја криза е нова можност, а сега гледаме за каква можност мислел, неговата власт да додели финансиска помош на фирми од неговото семејство, изјави Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ.
„ Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај во време на економска криза од епидемијата со коронавирусот, милионските бизниси на Заеви се поддржуваат со народни пари. Додека дваесетина илјади граѓани на Македонија ја немаат земено априлската плата, од буџетот се испаѓаат милионски суми на Заеви за нивниот клан да не почувствува економско заслабнување. Тоа е крајно бесрамно и алчно.
Токму фирмата ‘Еленица’ е матицата околу која се врзуваше и се градеше империјата на кланот Заеви и истата сега е поддржана од власта на Заев. Со тоа де факто се дава поддршка на сите фирми на Заеви кои се во тесна бизнис-врска со семејната фирма.
Почитувани, истото важи и за Кочо Анѓушев. Неговата фирма ‘Брако’ добила милионска поддршка од владата во која до скоро беше вицепремиер, а и сега е актуелен советник во Министерството за финансии. Токму фирмата ‘Брако’ е еден од косопствениците на фирмата ‘Каст инвест’, за која медиумите известуваа дека во време на епидемијата отишла во стечај и остави на улица стотина вработени. Сега мајката фирма, која остави без егзистенција сто семејства, добива финансиска поддршка.
Ова ли е солидарноста за која зборуваа Анѓушев и Заев?
Ако имаа барем малку доблест немаше да конкурираат за државна помош во време кога граѓаните и фирмите едвај крпат крај со крај. Но, кога веќе ја покажаа целата своја алчност, по реакциите на јавноста да покажат барем малку срам и да се откажат од овие средства.
ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Заев создаде хибриден режим во кој додека тој се богати, Македонија тоне во корупција, криминал и осиромашување“, порача Николовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Лашкоска: Обновувањето на шумскиот фонд е дел од приоритетите на локално и национално ниво
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денес ја посети Гевгелија каде заедно со градоначалникот, Андон Сарамандов, се приклучија на акцијата за масовно пошумување и подигање на јавната свест „Да пуштиме корени во нашата Гевгелија“ во рамките на која на месноста Топлик, Гевгелија се засадуваа 6000 дрвни насади.
„Министерството за животна средина ги поддржува активностите за пошумување во државата бидејќи тие се значаен ресурс од повеќе аспекти – заштита на биодивезитетот, подобрување на квалитетот на воздухот, климатските промени, заштита од ерозија и свлечишта и се важен економски ресурс“ изјави Лашкоска на настанот потенцирајќи дека обновувањето на шумскиот фонд е дел од приоритетите на локално и национално ниво особено во услови кога сме соочени со многу високи летни температури и со сериозно опожарување на шумите на територијата на целата држава.
Таа упати честитки и благодарност до градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов и општина Гевгелија за одлично реализираната акција.
Во рамките на посетата на општина Гевгелија, заменик министерката Лашкоска и градоначлникот Сарамадов направија увид во реализацијата на проектот за намалување на загуби на вода со замена и инсталација на водомери заедно со инсталација и конфигурација на опрема со далечинско отчитување. Проектот го имплементира ЈКПД Комуналец Гевгелија, а е финансиски поддржан од страна на МЖСПП со средства во висина од 5 милиони денари.
Македонија
СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија утре ќе го одржи 30. партиски Конгрес, на којшто ќе биде избрано новото партиско раководство.
Од опозициската партија известија дека Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата и ќе биде избрано новото раководство, однсно членовите на највисиките тела во СДСМ – Централниот и Надзорниот одбор.
На почетокот, ќе има обраќање на Венко Филипче, кој пред пет месеци ја презема претседателската функција од неговиот претходник, Димитар Ковачевски по големиот пораз што го претрпе партијата на парламентарните и претседателските избори.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ контра Кузеска: Оваа Влада вложува во модернизација, претходната потроши 5 милиони евра на службени возила
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која што вложува во модернизација, професионализација и осовременување на условите за работа во македонските институции, СДС и ДУИ во своето владеење за службени возила потрошиле повеќе од пет милиони евра, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролката од СДСМ, Богданка Кузеска.
„Очигледно на функционерите од СДС изминатите седум години на власт, најважна им била сопствената комоција, а не и реалните проблеми на обичните луѓе“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека во буџетот за 2025 година предвидено е зголемување на средствата за модернизација на МВР, одбраната, здравството, земјоделието, односно предвидени се зголемени средства за набавка на опрема во сите институции.
Кузеска претходно денес на прес-конференција обвини дека власта ги одби амандманите за поголеми плати, а ќе троши на мебел и скапи автомобили за функционерите.