Црна хроника
Полицаец по грешка се застрелал од службениот пиштол

Полициски службеник синоќа во својот дом на улицата Франц Прешерн во Скопје испукал еден куршум од неговиот службен пиштол додека го проверувал и се повредил во пределот на левата натколеница.
Потоа полицаецот бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. За настанот бил известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Две лица нападнале возач во автобус на ЈСП

Вчера во 13.40 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода И.Б.(60) и С.О.Б.(59), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека, по претходно недоразбирање во сообраќајот, во автобус на ЈСП физички го нападнале С.М.(51) од Скопје додека извршувал работни задачи како возач на автобус во ЈСП.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Лице во Арачиново со пиштол им се заканувалo на вработени во ЕВН

Вчера во 11.10 часот од Полициското одделение Арачиново било пријавено дека едно лице со пиштол му се заканувало на С.Ц.(55) од Скопје и уште тројца негови колеги, сите вработени во ЕВН Македонија, додека извршувале работни задачи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Загина работник во Кисела Вода

Вчера во 09.12 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.С.(55) од с.Черкези, кумановско, кој подоцна починал.
Според пријавеното, при извршување градежни работи, тој паднал од објект во изградба на подрачјето на Кисела Вода.
Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.