Скопје
Кампања за одговорно сопствеништво на миленици
Агенцијата за храна и ветеринарство, во петок, во 12 часот ги поканува сите граѓани, медиумите, сопственици на домашни миленици и идни сопственици на домашни миленици, на едукативен, промотивен настан кој ќе се одржи кај спомен фонтаната „Тоше Проески“ на детската улица во Скопје.
Овој настан е во рамки на кампањата на Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ за одговорно сопствеништво, регионална унифицирана кампања која се спроведува и во Србија, Хрватска, Бугарија, Косово, Албанија и Црна Гора. На утрешниот јавен, забавен настан учество ќе земат дечињата од Детскиот хор Златно славејче и рок бенд кој ќе ги забавува присутните. Крајната цел на кампањата за одговорно сопствеништво е јакнење на јавната свест во поглед на одговорноста и грижата на домашните миленичиња, а со тоа и ограничување на пренесување болести кај луѓето како и за контролата на бездомните кучиња.На настанот ќе присуствува и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство м-р Зоран Поповски./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Отстранет бесправно изграден објект и спречена узурпација на државно земјиште во Визбегово
Општина Бутел извести дека денеска во координирана акција со МВР, во раните утрински часови бил отстранет бесправно изграден објект во населеното место Визбегово.
„Законот за бесправно изградени објекти се спроведува на целата територија на општина Бутел. Градоначалникот Дарко Костовски нагласи дека се додека тој е градоначалник, законите ќе важат за сите граѓани подеднакво, без исклучок.
Градоначалникот работи во интерес на сите граѓани и секогаш се залага за чесните луѓе. Во општина Бутел нема место за бесправно изградени објекти и узурпација на државно земјиште“, се вели во соопштението на општина Бутел.
Македонија
Корисниците од село Орман денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Oтстранети 𝟣.𝟧𝟢𝟢 кубни метри отпад од диви депонии и изготвени 𝟣𝟩𝟫 записници за правилно одлагање на отпадот во текот на ноември
Во текот на месец ноември 2025 година, Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше вкупно 179 едукативни разговори со претставници на стопанските субјекти, како и со лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Претставниците на Еко-патролата ги информираа и едуцираа граѓаните на кој начин, каде и во кои термини, согласно законските одредби, треба да го одлагаат комуналниот отпад и отпадот од пакувања, со цел – заштита на животната средина и јавното здравје, известуваат од ЈП Комунална хигиена-Скопје.

„Во текот на минатиот месец, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 1500 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Интервенирано е во речиси сите скопски општини, како и на таканаречените „црни точки“ каде што е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и на сообраќајни површини“, велат од ЈП Комунална хигиена-Скопје и додаваат дека во наведените месечни податоци, не се пресметани отстранетите количини непрописно одложен отпад во рамките на масовната акција за чистење на градот што се одвиваше во периодот од 6-9 ноември.



