Македонија
Филипче: Не се размислува за воведување рестриктивни мерки
Иако трета недела бројките на новозаболени се во пораст, а болниците исполнети како никогаш досега, министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека не размислуваат за повторно воведување рестриктивни мерки.
Ваквиот став министерот го правда со тоа што дел од заболените од вториот бран биле заразени за време на строги рестриктивни мерки кои не биле почитувани.
„Ние го дискутиравме ова прашање, дали рестрикција е нешто што може да придонесе за паѓање на бројката за новозаболени, но и овој бран тргна од моментот кога имаше мерки и секое олабавување ќе значи нов бран. Олабавувањето беше со меки мерки, носење маски и одржување дистанца. Засега не доаѓа предвид воведување рестрикции, но не можам да ја исклучам можноста“, рече министерот Филипче.
Тој смета дека со сегашниот пристап кон заболените и изолација на контактите точно се знаат кластерите и контактите со кластерите и ќе продолжат со ваков начин на работа.
Филипче нагласи дека жаришта во моментов се Скопје и Тетово, а состојбата во другите региони е стабилна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силен ветер ја зафати Битола: на неколку локации предизвикани штети
Силен ветер попладнево ја зафати Битола, според објавија надлежните во овој град.
Ветерот според информациите предизвикал штети на неколку локации.
„Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и екипите на јавните претпријатија „Комуналец“, „Нискоградба“, „Водовод“ и ТППЕ Битола, постојано се на терен, по силниот ветер кој денес ја зафати Битола и сеуште предизвикува штети на повеќе локации.
Екипите дејствуваат координирано на повеќе места, а ќе останат на терен се до расчистување на сите локации“, соопштија од општинската управа.
Македонија
Сиљановска Давкова ја прими Шекеринска: единството и консензусот меѓу носителите на највисоките функции се клучот за успехот и афирмацијата на државата
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО.
За обете важната функција е не само лично, туку и државно признание, доказ дека единството и консензусот меѓу носителите на највисоките функции се клучот за успехот и афирмацијата на државата.
Претседателката изрази уверување дека Шекеринска, ќе даде значаен придонес во остварувањето на клучните цели на Алијансата: унапредувањето на колективната безбедност, зајакнувањето на солидарноста меѓу сојузниците и справувањето со современите закани.
Со изборот на Радмила Шекеринска на високата функција во НАТО, Алијансата јасно и отворено ја манифестира свеста за важноста на регионот, како и посветеноста кон него.
Македонија
Мицкоски на средба со Вучиќ и Вучевиќ: Мора да создаваме мостови за економска и политичка соработка со сите соседи
Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави дека остварил средба со премиерот на Република Србија, Милош Вучевић и со српскиот претседател Александар Вуќиќ.
„Интензивната комуникација меѓу двете влади отвора можност за економска и политичка соработка.
Средбата се одржа во духот на традиционално добрите односи меѓу двете земји, со акцент на зајакнување на билатералната соработка и реализирање на заеднички регионални проекти.
Разговаравме за подобрување на соработката во енергетиката, економијата и транспортната инфраструктура, како и за заедничките напори за справување со регионалните предизвици“, објави Мицкоски по средбата со српскиот премиер.
Појасни дека имал средба со претседателот на Република Србија, Александар Вичиќ.
„Двете држави немаат отворени прашања, а односите се базираат на меѓусебно почитување и пријателство. Мора да создаваме мостови за економска и политичка соработка со сите соседи и да градиме иднина за нашите граѓани“, напиша Мицкоски за средбата.