Спорт
Премиер лигата се рестартираше со ВАР-контроверзи и реми без голови (видео)
Премиер лигата по три месеци повторно е во акција, откако мечот меѓу Астон вила-Шефилд јунајтед беше одбележан со бизарна грешка на ВАР системот на штета на гостите.
Мечот без публика, со „вештачка“ бучава на навивачите, имаше многу неискористени шанси и најинтересниот момент во 43. минута од мечот, кога на Шефилд не им беше признат очигледен гол по големата грешка на судијата Мајкл Оливер.
По слободен удар на Шефилд, голманот Ниланд со топката влезе во голот, но и покрај тоа што снимките јасно покажуваат дека топката беше во голот, Оливер реши дека нема да биде признаен бидејќи не се огласи гол-технологијата.
Инаку, ова беше меч од заостанатото 28. коло, во кое вечерва во 21.15 часот играат и Манчестер сити-Арсенал. Со поенот, Астон вила останува на претпоследното место со 26 поени, еден поен од безбедната зона, додека Шефилд јунајтед останува шести со само еден поен зад Манчестер јунајтед на петтото место.
Where is both VAR and Goal-line technology when you need it?
??? #AstonVilla #Sheffield #PL pic.twitter.com/fedLqFnfLH
— ⚡️Footy-holics⚡️ (@FootyHolics) June 17, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Познато е кој ќе настапи на ждрепката за СП пред Доналд Трамп
Британскиот пејач Роби Вилијамс и американската диско група Вилиџ Пипл ќе настапат на претстојното извлекување на групите за Светското првенство.
Извлекувањето ќе се одржи во центарот „Кенеди“ во Вашингтон во петок во 18 часот, а на него ќе присуствува и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Вилиџ Пипл ќе ја изведат својата иконска песна од 1970-тите, „YMCA“, која неодамна стана синоним за предизборните митинзи на американскиот претседател.
Пи-ар службата на Трамп објави дека претстојното Светско првенство во фудбал е национален проект број еден за претседателот и дека тој ќе дејствува така и во неговата организација.
На извлекувањето ќе учествуваат 48 национални тимови, кои ќе бидат поделени во 12 групи.
Foto/ EPA
Спорт
Влаховиќ ќе паузира најмалку три месеци
Лоши вести за Јувентус кога е во прашање Душан Влаховиќ. Српскиот репрезентативец ќе мора да се оперира и ќе отсуствува долго време.
Повредата на мускулот против Каљари е толку сериозна што српскиот напаѓач ќе мора да се оперира. Одлуката е донесена, единственото прашање е каде ќе биде извршена операцијата..
Според прелиминарните проценки, Влаховиќ ќе паузира до март.
Оваа сезона, Влаховиќ постигна осум гола на 20 натпревари во сите натпреварувања, од кои само три беа во Серија А. Договорот на Влаховиќ со Јувентус истекува на крајот од сезоната, а сè уште не е постигнат договор за продолжување на соработката.
Foto/ EPA
Спорт
Ефес до февруари без Шејн Ларкин
Најдобриот играч на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин, успешно е опериран во САД, објави неговиот клуб во средата.
Ларкин се повреди кон средината на ноември на натпреварот со Валенсија, а операцијата на тетивата на левата препона е успешно извршена, според соопштението на турскиот клуб.
Искусниот бек-шутер ќе паузира два месеци, па неговото враќање на теренот треба да се очекува дури на почетокот на февруари следната година.
Американскиот кошаркар со турски пасош ја игра својата осма сезона во Ефес, а пред повредата во Евролигата постигнуваше просек од 15,8 поени и 4,5 асистенции.
Foto/ EPA

