Топ
МВР: 274 луѓе добиле решение за изолација, а 706 казни за неносење маски
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/pesaci-koronavirus-skopje-maski-5.jpg)
Во текот на изминатото деноноќие (17/18.06.2020 година) на територијата на цела држава на 274 лица им се издадени решенија за изолација, а 255 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што утврдено е дека четири лица не ја почитувале мерката за изолација.
Исто така, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 706 прекршоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Да се додаде уште еден предлог кон Договорот со Бугарија оти францускиот беше репреговарање, вели Мицкоски
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/01/mk-bg.png)
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа причина кон Договорот за добрососедство со Бугарија да не се додаде уште еден предлог.
Мицкоски во таа насока појасни дека т.н. француски предлог од кој прозилегоа уставните измени е всушност репреговарање на Договорот за добрососедство. Неговиот коментар следеше откако американската амбасадорка Анџела Агелер во интервју за Радио Слободна Европа рече дека преговори нема да има ниту за Преспа, ниту со Бугарија за ЕУ.
„Што се однесува во уставните измени, кои се дел од т.н. француски предлог, кој што е додаток на Договорот за добрососедство, односно репреговарање на Договорот за добрососедство и во однос на тоа нашиот став го знаете дека диктати и ултиматуми не прифаќаме, така што ако може Договорот за добрососедство да биде репреговаран и на него да му се додаде т.н. „француски предлог“ не гледам причина зошто да не се додаде некој француски предлог плус или некој друг предлог, кој ќе ги опфати барањата на македонскиот народ, на Македонците во Бугарија“, рече Мицкоски.
Повтори дека не можеме да водиме политика на двојни стандарди. Ако бараме промена во Уставот за неколку стотини наши сограѓани, кои за себе велат дека се дел од бугарската заедница, тогаш треба да видиме што станува со оние граѓани кај нашиот источен сосед, кои што велат дека се дел од македонската заедница, рече Мицкоски.
Никој не е против бугарската заедница, ние ги почитуваме тие неколку стотина наши сограѓани, кои велат дека се дел од бугарската заедница, рече Мицкоски, но бараме од претедателот на Бугарија да ги почитува малцинските и човековите права на македонската заедница таму.
Македонија
Таравари за Ахмети: Му посакувам убаво и мирно опозиционерство, се надевам дека ќе расчисти некои кадри кои му се веќе кородирани
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Taravari-vs-Ahmeti.jpg)
Министерот за здравство Арбен Таравари одговори на вчерашните обвинувања од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека ВЛЕН станале слуги на ВМРО-ДПМНЕ поради апетит за власт. Му посака здравје и конструктивност како опозиционер.
„Јас би кажал дека господинот Ахмети е возрасен човек, за мене и сериозен човек, кој 22-23 години е на власт, сега му треба малку одмор. Јас му посакувам здравје пред се, а после тоа и конструктивност како опозиционер. Се надевам дека овој период ќе се обиде да ја консолидира партијата, да расчисти одредени кадри кои му се веќе кородирани. 22 години да бидеш на власт со исти луѓе кои се вртат од една институција во друга е сосема доволно. Првиот тест ќе го имаме 2025 година, тука се локалните избори така да нема што друго да кажам, освен да му посакам убаво и мирно опозиционерство“, рече министерот Таравари.
Ахмети вчера во Тетово го свика генералниот совет на партијата за да издадат директиви по кои ќе се постапува по изборите од 8 мај. Најави дека ќе го демонстрираат незадоволството и револтот и дека изборот на Христијан Мицкоски кој не коалицираше со победникот во албанскиот блок не е ниту праведен, ниту добар, ниту продуцира етничка стабилност во државата. Зборувајќи за ВЛЕН рече дека не знае што точно се случило во опозицискиот кампус бидејќи тие никогаш и не биле опозиција туку 22 години биле во власта.
„ Што ги натера да ја направат оваа грешка треба тие да кажат. Апетитот за власт, за комоција, или нешто друго“, рече Ахмети.
Лидерот на ДУИ вчера не кажа на кој начин ќе го искажат незадоволството и револтот.
Македонија
На Табановце и Богородица се чека најмалку 45 минути
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/granica-bogorodica-1.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.На граничниот премин „Табановце“ времето на чекање за влез во државата изнесува околу 45 минути. На граничниот премин „Богородица“ времето на чекање за излез од државата изнесува околу 45 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.