Македонија
Нови 182 случаи на Kовид-19 и шест починати во земјата

Во последните 24 часа се направени 1.348 тестирањa, а регистрирани се 182 нови случаи на Kовид-19 во: Скопје – 107, Куманово – 14, Штип – 4, Тетово – 23, Струга – 5, Битола – 2, Охрид – 6, Гостивар – 4, Струмица – 1, Кочани – 1, Берово – 1, Ресен – 13, Неготино – 1.
Починати се шест лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово и двајца од Тетово.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 33 оздравени пациенти од: Скопје – 22, Дебар – 1, Штип – 1, Прилеп – 1, Тетово – 1, Велес – 2, Битола – 1, Кочани – 2, Свети Николе – 1, Кичево – 1.
Во ГОБ „8 Септември“ починати се пет лица – двајца пациенти од Тетово, еден на возраст од 81 година хоспитализиран на 16 јуни и пациент на 72 години хоспитализиран на 12 јуни. Кај тројца пациенти вирусот е потврден пост мортем – пациентка од Куманово на 64 години и уште двајца пациенти од Скопје на возраст од 68 и 65 години. Во ОБ Куманово почина пациент на 85 години, хоспитализиран на 10 јуни.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4664, бројката на оздравени пациенти е 1836, на починати е 216, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2612. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 2.243, активни 1.507
• Куманово 668, активни 219
• Дебар 62, активни 10
• Штип 254, активни 205
• Прилеп 229, активни 16
• Тетово 481, активни 297
• Струга 147, активни 68
• Велес 156, активни 29
• Битола 37, активни 9
• Охрид 90, активни 71
• Кавадарци 8, активни 3
• Гостивар 78, активни 52
• Гевгелија 8, активни 4 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 10, активни 7
• Крива Паланка 10, активни 4
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 5, активни 2
• Кочани 56, активни 23
• Пробиштип 11, активни 9
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 3, активни 2
• Валандово 5, активни 3
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 2
• Свети Николе 11, активни 9
• Кичево 5, активни 2
• Ресен 47, активни 46
• Неготино 19, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1348 теста се преку: ИЈЗ –570, ЦЈЗ Скопје-32, Авицена –98, Биотек –150, Систина со PCR- метода –189, МАНУ -157, Жан Митрев (Филип Втори) -152 и Судска медицина-0. Досега во земјата се направени вкупно 47.793 тестирање на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 20 нови, а вкупно хоспитализирани 121 пациент. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 35 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 72 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 336
• Аеродром – 125
• Бутел – 118
• Гази Баба – 128
• Центар – 121
• Карпош – 103
• Сарај – 105
• Кисела Вода – 80
• Ѓорче Петров – 62
• Студеничани – 71
• Шуто Оризари – 51
• Арачиново – 38
• Илинден – 24
• Петровец – 12
• Чучер Сандево – 8
• Сопиште – 12
• Зелениково- 1
• Странец – 3
• Нераспределен-4
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Одложени активности на отворено: Министерството за здравство со препораки поради најавите за високи температури

Министерството за здравство информира дека согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во периодот од 8 до 13 август, 2025 година се очекува значително зголемување на дневните температури, кои во одделни региони може да достигнат до 39°C.
Поради тоа, потсетуваат на почитување на општите препораки за заштита на населението од високи температури:
„Престојувајте во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11:00 до 17:00 часот.
Внесувајте доволно течности, избегнувајќи алкохол и засладени пијалоци.
Носете лесна, светла облека и користете заштита за глава и очи.
Избегнувајте физичка активност во најтоплите часови од денот.
Посветете внимание на деца, стари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени – овие групи се особено чувствителни на високи температури.
Во случај на симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс – веднаш побарајте медицинска помош.
Одложете активности на отворено во најтоплиот дел од денот.
Обезбедете микроклиматски услови (разладени простории со температура до 25°C) на работното место и во домот“.
Министерството, како што велат, внимателно ја следи состојбата на дневна основа и ќе постапува согласно проценките и потребите.
Македонија
Алиу промовираше нов модул за електронска евиденција на здравствени прегледи во областа на медицина на труд

Министерот за здравство, Азир Алиу на денешната прес-конференција го промовираше новиот модул за електронска евиденција на здравствените прегледи во областа на медицина на труд. Модулот е изработен од Управата за електронско здравство, во соработка со Институт за медицина на труд и Здружението на лекари специјалисти по медицина на труд.
– Модулот овозможува електронска евиденција на здравствени прегледи кои досега се спроведуваа исклучиво на хартија, со што се прави значителен исчекор кон целосна дигитализација на здравствените услуги во оваа област. Овој модул претставува значаен напредок во дигитализацијата и модернизација на здравствените системи, кој носи конкретни придобивки за сите граѓани, работодавачи и здравствени работници во нашата држава. Во системот електронски се евидентираат здравствените прегледи за општа здравствена способност, за засновање работен однос, за здравствена и психофизичка способност за управување со моторно возило, трактор и работна машина, како и прегледи за здравствена состојба за поседување и носење оружје, посочи Алиу.
Драгана Бислимовска од Институтот за медицина на трудот информираше дека станува збор за прва електронска евиденција од ваков тип во националниот систем Мој термин, со која се овозможува електронски запис за издавање лекарски уверенија и следење анализи и податоци во реално време.
-На овој начин, конечно ќе се овозможи интегрирање на дејноста медицина на труд во системот Мој термин преку регистрација на извршените здравствени прегледи, со што ќе се овозможи видливост и следење на нашите активности од областа на медицина на трудот. Посебно е значајно што нас како лекари специјалисти по медицина на труд ни се овозможува пристап до здравствените податоци за секое лице, псочи Бислимовска.
Жаклина Чагороска од Националниот електронски систем Мој термин информираше дека сите прегледи се вршат исклучиво во овластени здравствени установи, каде што лекарите се идентификуваат преку своја професионална лиценца или факсимил.
-Со секој преглед, автоматски се креира посебен здравствен картон за овој тип на евиденција. Понатаму, системот автоматски генерира лекарски извештај, кој содржи медицинско мислење, идентификувани состојби, препораки за вработениот и работодавачот, како и оценка на работната способност, рече Чагороска.
Процесот на дигитализација ќе продолжи во следниот период со креирање портал за работодавците преку е-услуги за иницирање прегледи на вработените, интеграција во здравствените досиеја и прикажување во апликацијата Мое здравје, како и целосна дигитализација на документите и поврзување со институции преку интероперабилност, особено со Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за вработување, најавија од министерството.
Македонија
(Видео) Петрушевски: СДС го зароби Обвинителството преку главниот обвинител Коцевски, не одговараат затоа што го држат на функција

СДС го зароби обвинителството преку главниот обвинител Коцевски, не одговараат затоа што го држат на функција. Главниот обвинител Коцевски е кукла во рацете на СДС, тој таа улога сам си ја избра во моментот кога не си поднесе сам оставка, и чекаше СДС да му дадат сламка за спас во Собранието, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Главниот обвинител Коцевски доби црвен картон во Собранието со изгласаната интерпелација, и наместо да покаже одговорност и да си поднесе оставка, тој избра по секоја цена да седи во удобната фотеља и да ги штити СДС од одговорност.
Главниот обвинител Коцевски не може да каже дека не знаел во каква игра влегол, ниту да каже дека бил наседнат, многу свесно ја презема улогата на заштитник на криминалите на СДС.
И сосема е јасно зошто година ипол нема ниту еден завршен случај за фукционери од СДС кои 7 години ја крадеа државата“.
Според него, штетата која главниот обвинител Коцевски и СДС ја прават врз правосудството е огромна, со уништување на секаква доверба и интегритет.