Црна хроника
Почината скопјанка пронајдена во водите на Вардар

Во попладневните часови на 18 јуни во скопската полиција било пријавено дека под железниот мост на улицата Васил Чакаларов во реката Вардар било пронајдено тело на 90-годишна жена од Скопје.
Од лекар од итна медицинска помош била констатирана смрт.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Лишени од слобода четири лица на подрачјето на СВР Тетово, возеле побргу од дозволеното

Вчера во периодот од 14.00 до 20.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар извршиле акциска контрола за пречекорување на максимално дозволената брзина во и надвор од населено место. Притоа, поради безобѕирно управување со моторно возило по наредба од јавен обвинител од слобода биле лишени четири лица, извести МВР.
Во 15.00 часот на автопатот Тетово-Скопје, кај наплатна станица Желино, Ф.С.(29) од с.Палатица, тетовско, управувал патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки со брзина од 177 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 100 километри на час надвор од населено место.
Во 15.00 часот на магистрален пат Тетово-Гостивар, кај Дебрешки надвозник во Гостивар, Џ.А.(36) од Скопје управувал патничко возило „ауди“ со скопски регистарски таблички со брзина од 156 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час надвор од населено место.
Во 16.00 часот на булевар „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, Ф.Љ.(25) од Тетово управувал патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски таблички со брзина од 106 километри на час каде максималната дозволена брзина е 50 километри на час во населено место.
Во 16.00 часот на магистрален пат Тетово-Гостивар, кај Дебрешки надвозник во Гостивар, С.С. (45) од Тетово управувал патничко возило „ауди“ со албански национални ознаки со брзина од 160 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час надвор од населено место.
Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик.
Црна хроника
Уапсен 24-годишник од Охрид, со стаклен предмет нападнал скопјанец

Денеска во 02.15 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Ф.П.(24) од Охрид, кој претходно во селото Песочани, општина Дебрца, со стаклен предмет го нападнал Ж.К.(45) од Скопје.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Семејно насилство во Охрид: татко ја истепал ќерка си, по што се вклучиле и други членови на семејството

Денеска во 00.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека Р.Б. од Охрид физички ја нападнал неговата ќерка, по што се вклучиле и други членови на семејството.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.