Црна хроника
Старица се фрли во бунар во прилепско
Старица се фрлила во бунар синоќа околу 19.50 часот во прилепското село Крушеани.
Осумдесет и седумгодишната Благуна Китановска се самоубила фрлајќи се во бунарот во семејниот двор.
Телото на жената е извадено од бунарот и е предадено на семејството./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
16-годишник со нож им се заканувал на малолетници низ Аеродром
Вчера во 12.40 часот во полициската станица Аеродром Н.П.(43) од Тетово пријавил дека претходниот ден (28.11.) околу 12.45 часот на подрачјето на општина Аеродром, неговата малолетна ќерка која што била во друштво со двајца другари била пресретната од 16-годишен малолетник нејзин соученик, кој замавнувајќи со остар предмет упатувал закани по живот кон неа и кон друг малолетник од истото училиште, информираа од МВР.
Воедно на 29.11.2024 година во СВР Скопје, Е.А.(48) од Скопје пријавил дека на 28.11. во 13.00 часот на подрачјето на општина Аеродром, 16-годишен малолетник го пресретнал неговиот син и замавнувал кон него со остар предмет, а потоа неговиот син физички го нападнал истиот. Според пријавителот претходно и преку социјална мрежа малолетникот упатувал закани по живот кон неговиот син, додаваат од полицијата.
За настанот бил запознаен јавен обвинител, и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Мајка ја нападнала ќерката во Штип
Жена од Штип ја нападнала ќерка си, а случајот во полиција го пријавил таткото.
Вчера во 14.25 часот во СВР Штип, 47-годишен маж од Штип пријавил дека неговата поранешна сопруга М.Ш.(44) од Штип, физички ја нападнала нивната ќерка, стои во полицискиот билтен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
30-годишна скопјанка замина од дома и повеќе не се врати, семејството ја бара
Вчера во 11.30 часот во полициската станица Гази Баба, С.Р.(56) од Скопје пријавила дека од семејниот дом се оддалечила нејзината ќерка А.Р.(30) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.