Контакт

Скопје

Анкета: Голем интерес за велосипедот како превозно средство, потребна е инфраструктура

Објавено пред

Заинтересираност за велосипедот како превозно средство е голема, а соодветно на ова расте и потребата за квалитетна велосипедска инфраструктура.

dobivaj vesti na viber

Ова е генералната констатација на веб акетата што ја спроведе Агенција Рејтинг, во соработка со Архитектонскиот факултет, и неформалното здружение „На Точак“, а за потребите на Општина Центар, со која беа опфатени 895 испитаници. Целта на истражувањето беше да се обезбедат податоци од граѓаните и нивното секојдневно искуство од движењето низ градот, за проблемите со кои се соочуваат додека користат велосипед како транспорт, со крајна цел подобрување на условите за возење на велосипед и подобрување на самата велосипедска инфраструктура во Општина Центар. Според резултатите од анкетата  високи 60,8 % од испитаниците кои се изјасниле дека возат велосипед, истиот го користат како превозно средство, и тоа  66,9% од нив секој ден или неколку пати неделно.  27,3%  од испитаниците го користат велосипедот за рекреација,  8,9% за спортување, а само 2,4% изјавиле дека не возат велосипед. Kако главни фактори кои ги спречуваат граѓаните да возат велосипед се издвојуваат пречки на патеките, недостаток на велосипедска инфраструктура, небезбеден паркинг и небезбеден сообраќај.  Понатаму, со 82,6%, паркираните возила се убедливо најголем проблем за корисниците на велосипеди.  Потоа следат високите рабници при премин кон коловозите со 62,4%, и лошото одржување на подлогата, односно појавата на дупки, нерамнини и вирови, со 60,3%.Преку прашањето “Колку следниве фактори влијаат во изборот на рутата што ја користите за возење велосипед, во моменталните инфраструктурни услови?” анкетата покажа дека избегнување на паркирани возила и постоењето на издвоена патека за велосипеди се примарни за корисниците на велосипеди, со 59,1% и 54,2%, соодветно. Веднаш по нив следат избегнување средби со возила во движење – 48,7%, чувство на безбедност – 47,8%, и изборот на зона со помали дозволени брзини за моторен сообраќај – 27,3%.Треба да се истакне дека на високи 96,7% од корисниците на велосипед центарот на град Скопје им е дел од секојдневната или повремена рута, што дополнително ја истакнува потребата за подобрување на велосипедската инфраструктура во овој регион. Оттаму следува и високата заинтересираност за иницирање програми од Општина Центар. Имено, дури 88,3% од испитаниците би поддржале програма за планирање велосипедска инфраструктура, 82,7% за обележување велосипедски патеки, а 74,5%  за планирање на зони на смирен сообраќај.Следниот дел од истражувањето беа две тековни програми на Општина Центар, кои директно ги засегнуваат корисниците на велосипеди – Цел Центар на точак и развој на апликацијата Strava. Според добиените одговори, голем дел од жителите на Општина Центар веќе аплицирале и добиле субвенции за велосипед, а високи 66,7% се заинтересирани да се вклучат. Во однос на апликацијата Strava, 46,4% сигурно би се согласиле да ја користат при возење велосипед, а 45, 1% можеби би прифатиле. Како главна мотивација да го сторат тоа, со 66,2%, убедливо се издвојува целта на собирањето податоци, односно подобрување на условите за користење на велосипедот за превоз во Општина Центар.„Општина Центар се стреми да ги насочи своите напори кон конкретните потреби на граѓаните, кои се осознаваат преку вакви истражувања, а се реализираат преку програми како што се “Цел Центар на точак, анализа на велосипедското движење преку апликацијата Strаva и “Зона 30”. Токму затоа, со задоволство го најавуваме вториот дел од ова истражување и повикуваме што повеќе испитаници да се приклучат кон истото, со цел заедно да ги подобриме условите за возење велосипед во центарот градот“, порачува локалната власт. /крај/со/ст

Македонија

Делови од Кисела Вода и од Ѓорче Петров денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Бранко Заревски. (општина Кисела Вода)

– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман. (општина Ѓорче Петров)

Прикажи повеќе...

Македонија

(Фото) Отстранет бесправно изграден објект и спречена узурпација на државно земјиште во Визбегово

Објавено пред

Општина Бутел извести дека денеска во координирана акција со МВР, во раните утрински часови бил отстранет бесправно изграден објект во населеното место Визбегово.

dobivaj vesti na viber

„Законот за бесправно изградени објекти се спроведува на целата територија на општина Бутел. Градоначалникот Дарко Костовски нагласи дека се додека тој е градоначалник, законите ќе важат за сите граѓани подеднакво, без исклучок.

Градоначалникот работи во интерес на сите граѓани и секогаш се залага за чесните луѓе. Во општина Бутел нема место за бесправно изградени објекти и узурпација на државно земјиште“, се вели во соопштението на општина Бутел.

Прикажи повеќе...

Македонија

Корисниците од село Орман денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман. (општина Ѓорче Петров)

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 минути

(Видео) Американската војска разнесе брод во Пацификот, објавена снимка од нападот

Американската војска вчера изврши нов напад врз брод за кој тврди дека превезувал дрога во крајбрежните води на Латинска Америка,...

Европа10 минути

Медведев за контроверзниот европски план: Ова може да биде повод за војна

Шефот на рускиот Совет за безбедност и поранешен руски претседател Дмитриј Медведев вчера предупреди дека користењето на замрзнатите руски средства...

Европа39 минути

Висок функционер: Нема знаци на напредок кон прекин на огнот во Украина

Висок претставник на Обединетите нации за Украина предупреди дека војната во Украина се влече без знаци на напредок кон прекин...

Свет14 часа

„Америка може да нè предаде“: протече разговор меѓу Макрон, Мерц и Зеленски

Европските шефови на држави и влади длабоко не им веруваат на Соединетите Американски Држави кога станува збор за мировни преговори...

Македонија15 часа

(Видео) Татко на една од жртвите: Загрижува што обвинетите се однесуваат како оштетени и како првпат да слушаат за дискотеката „Пулс“

Загрижува фактот што обвинетите продолжуваат да добиваат јавен простор за изјави и медиумски настапи иако се соочуваат со сериозни обвиненија...

Македонија17 часа

Јас единствен барав да не му се издава лиценца на „Пулс“, би требало да седам како јавност, а не како обвинет, рече поранешниот градоначалник Ратко Димитровски

Изненаден од тоа што седи на обвинителна клупа, поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, на денешното судење за трагедијата во...

Македонија17 часа

„Името го сменивме двапати, Уставот седумпати“ – Николоски во Брисел побара чесен пристап и одговор дали со уставните измени завршуваат барањата

Заменик-претседателот на Владата, Александар Николоски, се обрати на форумот „Прашања на проширување: Новата геополитичка, безбедносна и економска граница на Европа“,...

Македонија18 часа

Фирмата за подготовка на храната во „Димо Хаџи Димов” казнета со 900 евра, во уште едно училиште откриена ешерихија коли во намаз

Операторот за подготовка на храната во основото училиште во Влае, „Димо Хаџи Димов“, е казнета со 900 евра откога беа...

Македонија18 часа

Ресторан на нива, одморалиште издавано без согласност, градинка без деца оти нема пат – ревизијата утврди серија нерегуларности во Свети Николе

Државниот завод за ревизија утврди серија нерегуларности во работењето на Општина Свети Николе за 2024 година поради што изрази неповолно...

Македонија20 часа

Обвинетите за „Пулс“ утрово во „Идризoво“ ги пречекаа фотографии од сите загинати

Металните барикади пред влезот во судницата во „Идризово“, кои ги одвојуваат влезовите преку кои влегуваат обвинетите и родителите на загинатите,...

Македонија21 час

Затвореник признал дека се негови 13-те мобилни и лаптопот најдени во ќелијата на Џеваир Камбери, обвинет за „Пулс“

Тринаесетте мобилни телефони и еден лаптоп пронајдени во ќелијата на обвинетиот за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, Џеваир Камбери, не...

Свет23 часа

Посетата на Путин на Индија: Нафта, оружје и геополитичка порака до светот

Рускиот претседател Владимир Путин оди во Индија во дводневна посета, каде што се очекува да се сретне со премиерот Нарендра...

Европа23 часа

(Видео) Украинците: Го нападнавме рускиот нафтовод „Дружба“

Во понеделникот, уште една експлозија го потресе рускиот нафтовод „Дружба“, потврдија извори од украинското воено разузнавање (ХУР) за „Киев пост“....

Свет23 часа

Британците и Норвежаните потпишуваат договор: заедно ќе ги следат руските подморници

Велика Британија и Норвешка денес ќе потпишат нов договор за одбранбена соработка, планирајќи заедничко управување со флота од фрегати за...

Свет1 ден

(Видео) Се урна американски „Ф-16“

Американски борбен авион F-16C Fighting Falcon на воздухопловни сили „Thunderbirds“ се урна во оддалечена пустинска област јужно од аеродромот Трона,...

Свет1 ден

Нови израелски напади врз Газа: погодени шатори за бегалци, повеќе мртви

Петмина Палестинци вчера беа убиени, а неколку други беа повредени кога израелските авиони гаѓаа шатори и импровизирани засолништа за раселени...

Свет1 ден

Мадуро потврди дека разговарал со Трамп

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро во средата потврди дека пред околу 10 дена имал „срдечен и полн со почитување“ телефонски разговор...

Свет1 ден

ОН усвои резолуција за враќање на киднапираните украински деца: Русија и 11 други земји гласаа против

Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која се бара од Русија да обезбеди итно, безбедно и безусловно враќање...

Македонија2 дена

Куновска по оставките во СДСМ:„Сите дома, тој останува“

Поранешната пратеничка и функционерка во СДСМ, Софија Куновска, на „Фејсбук“ објави критички статус откако вчера, на барање на партискиот лидер...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Ние како мнозинство немаме од што да бегаме, ќе се расчистат сите прашања поврзани со трагедијата во Кочани

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, изјави дека во периодот кога државата ја воделе СДСМ и ДУИ се закажувале анкетни комисии,...