Економија
Државна лотарија донира 12.000.000 денари за борба со Ковид-19
Државна лотарија, како општествено одговорна компанија, со цел поддршка на активностите кои се спроведуваат за справување со заканата по јавното здравје, предизвикана со заразната болест Ковид-19, денеска обезбеди донација во вредност од 12.000.000 денари како финасиска помош за ургентните потреби на Министерството за здравство.
Одлуката за донацијата е донесена од страна на органите на управување на Државна лотарија, по што донацијата во износ од 12 милиони денари е уплатена на наменската сметка на Министерството за здравство – „финасиска помош – Ковид 19“.
Целта на донацијата е обезбедување дополнителна финасиска помош и поддршка на вонредните напори на нашето здравство во борба со заразната болест, за набавка согласно приоритетните потреби за апарати, опрема и материјали што ќе помогнат во спасување животи.
Средствата за оваа донација Државна лотарија ги испланира и ги обезбеди од деловното работење на друштвото во 2020 година.
Министерот за здравство, Венко Филипче, ја изрази својата благодарност велејќи дека средствата ќе бидат наменети за справување со непредвидливиот вирус.
„Голема благодарност до Државна лотарија за донацијата, со која ни помага во побрзо справување со коронавирусот. Само заеднички може да ја надминеме оваа светска здравствена криза предизвикана од Ковид-19. Средствата ќе бидат наменети за справување со овој непредвидлив вирус”, рече министерот.
Државна лотарија е активен член на нашето општествено живеење и донира во општествено корисни цели согласно свите начела и стратегија на делување. Од почетокот на борбата со Ковид -19 ова е втора донација на Државна лотарија.
Првата беше упатена кон Црвен крст на Град Скопје во вредност од 700.000 денари за реализација на акција на терен за помош на ранливите категории граѓани и немоќни лица од трето доба на територија на град Скопје и други градови низ нашата земја.
Имајќи ја предвид сериозноста на ситуацијата со вирусот Ковид-19 и неопходноста за заедничка солидарност и помош, како и трајната определба на друштвото преку приредување на игри на среќа да генерира приходи наменети за финансирање на општествено корисни цели, оваа донација на друштвото е директен придонес и учество во заедничката обврска на сите субјекти на нашата земја, во борбата со коронавирусот на кој треба да се спротивставиме со ангажирање на сите расположливи можности и капацитети.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)