Компании
Пивара Скопје и годинава нераскинлив дел од „Галичка свадба“
Пивара Скопје и нејзините брендoви и годинава се нераскинлив дел од „Галичка свадба“ – еден од најавтентичните културни настани во земјава и пошироко.
За да може оваа уникатна традиција да продолжи, Пивара Скопје ја обезбеди неопходната поддршка и со тоа го потврди своето партнерство како гаранција за успешно одржување на оваа значајна културна манифестација и на нејзината единственост и неповторливостПред заминување кон живописниот Галичник, каде викендов по 43-ти пат се одржува една од највеличествените македонски фолклорни манифестации, вработените и менаџментот на Пивара Скопје ги испратија годинешните галички младоженци – Сандра Станковиќ и Александар Ристески, посакувајќи им многу здравје, среќа и бериќет. При посетата на Пивара Скопје, специјалните гости се запознаа со почетоците, развојот, стандардите и квалитетите на уште една автентична приказна која трае скоро еден век. Тоа е приказната за компанијата и нејзините брендови кои се длабоко вградени во сите моменти од нашите животи, кои се неизбежен дел од сите наши прослави, забави со пријателите и моментите на уживање. „Од прва рака“ новите галички младоженци се запознаа со процесот и традицијата на производство на пиво и безалкохолни пијалаци во Пивара Скопје. Менаџерот за производство на пиво и еден од најискусните пивски мајстори во регионот – Кирчо Стојанов, „на лице место“ им ја откри постапката и уметноста на производство на најстариот природен пијалак на светот, а менаџерот за производство на безалкохолни пијалаци – Горан Стојковски им ја откри „тајната“ за тоа како Пивара Скопје успева да ја произведе најдобрата Coca-Cola во светот.„Традицијата е мост меѓу минатото, сегашноста и иднината и затоа мора да ја негуваме и поддржуваме. Среќни сме и особено горди што ние и нашата компанија сме дел од оваа автентична манифестација која плени со својата вредност, убавина и оригиналност. На ваков начин и ние се поврзуваме и идентификуваме со нејзините трајни вредности“, рече генералниот директор на Пивара Скопје, Јован Радосављевиќ, кој ги запозна специјалните гости со визијата на Пивара Скопје за натамошен успех на пазарот, корпоративната култура и вредностите на нејзините вработени, како и со инвестициите во одржлив развој и во проекти кои се особено значајни за заедницата. Во оваа прилика, годинешните галички младоженци се закитија со уникатни обележја „Амбасадор на Пивара Скопје“, како уште еден симболичен детаљ по кој тие ќе ги паметат деновите кога станале дел од уникатната македонска традиција.И оваа година најпознатата македонска свадба што се одржува во неповторливиот амбиент на селото Галичник се очекува да привлече илјадници посетители од земјава и странство, кои одново ќе имаат можност да бидат сведоци на над 30-те оригинални свадбени обичаи, проследени со традиционални народни носии, песни и ора кои пленат со својата автентичност, убавина и културно наследство. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

