Македонија
Чулев: Ќе поднесам кривична пријава, Владата врши упад и се меша во работата на МВР

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев реагира во врска со одлуката на Владата која денеска на седница го поништила неговото решение за назначување на началник на СВР Тетово. Ова место беше едно од 15-те места кои ми следуваат согласно Законот за влада, како министер во техничката влада, објави Чулев на Фејсбук.
„Истата ваква одлука со која владата првично го поништи ваквото решение, претходно од моја страна беше обжалена до Државната комисија за спречување на корупција која констатираше дека Владата направила пропуст при поништувањето на решението и првичната одлука на Владата ја поништи. Но, и покрај ваквиот заклучок од ДКСК, Владата денес повторно носи иста одлука.
Со денешното силеџиско постапување повторно е прекршен Законот за влада, а дополнително денешната одлука предложена од страна на ДУИ, а аминувана од страна на СДСМ е уште еден доказ дека нивната коалиција блеска во полн сјај. ДУИ и СДСМ имаат спротивставени мислења само во јавноста и тоа е само еден блеф. Нивниот меѓусебен однос на владините седници фукционира идеално и без никаква пречка. Во оваа прилика ја информирам јавноста дека во однос на денешното постапување на Владата, во текот на утрешниот ден ќе поднесам кривична пријава, но и за ваквиот упад и мешање во работата на Министерството за внатрешни работи ќе бидат запознати и претставниците на меѓународната заедница“, вели Чулев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожарот во Влае се става под контрола, нема информации за повредени или настрадани

Пожарот на опожарените бараки во Влае се става под контрола, извести ДЗС. Во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на БППЗ Скопје под водство на командантот на единицата Звонко Томовски.
Нема информации за повредени или настрадани лица.
Македонија
(Видео) „Грантот од ‘Еразмус+’ на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен“, вели Манасиевски

„Грантот од ‘Еразмус+’ на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен. Преку свиркачи добивме информација за која СДС и Димова треба да одговорат, а тоа дека еден од проектите на фризерницата, која има добиено 270 илјади евра преку ‘Еразмус+’, бил првенствено одбиен, па потоа одобрен“, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали е точна информацијата дека раководителката на одделението за буџетска контрола во ‘Еразмус+’, Маја Колеќеска, вработена од страна на Лидија Димова, лично интервенирала за овој проект?
Ако е точна оваа теза, треба да се постави и прашањето – зошто фирмата на Златковски, „В.Е.З. трејд“, била одбиена, па потоа прифатена? Дали блискоста на триото Колеќеска – Димова – Златковски довело до злоупотребување на службената положба и грантот од одбиен, станал одобрен.
Исто така, дали овој проект бил пониско рангиран од другите, кои имале повеќе бодови, меѓутоа бил одобрен поради блискоста на Димова и Златковски, која можеме да ја видиме на оваа фотографија?
Лицемерно е СДС да зборува за криминал и корупција кога тие се предвесници на криминалот и корупцијата. За СДС никогаш нема одговорност, затоа што тие купуваат судии, потплаќаат обвинители, даваат грантови на професори и нивни активисти.
Затоа, народот, кога ќе ја слушне кратенката СДС, првата асоцијација му е криминал и корупција“, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
(Видео) „Стандардот на граѓаните постојано се намалува, а власта одбива да ги покачи платите“, вели Кузеска

„Животниот стандард на граѓаните од месец во месец постојано се намалува. Најновите податоци покажуваат дека висината на синдикалната кошничка во месец август достигна 65.507 денари. Најголем дел од трошоците на граѓаните одат за храна и пијалоци, над 24.064 денари, додека трошоците за домување, комуналии и хигиена дополнително го оптоваруваат секое семејство“, рече Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.
„Во исто време платите стагнираат, власта упорно одбива да ја зголеми минималната плата на 500 евра, одбива да ги прифати предлозите за покачување на платите во останатите сектори.
Двајца вработени со минимална плата во едно семејство немаат доволно пари да ги покријат месечните трошоци. За да се покрие синдикалната кошница потребни се 2,7 минимални плати.
Тоа значи дека дури и семејства со двајца вработени не можат да обезбедат пристоен живот.
Европската статистика покажува дека дури 55% од македонските граѓани не можат да си дозволат одмор. Тоа е уште еден доказ за поразителниот стандард во кој живеат граѓаните на државата.
Стотици илјади граѓани бројаат денови до следната плата, не знаат дали ќе им стигнат пари за сметки и за храна, родители од месец во месец пресметуваат што да скратат за да преживеат.
Младите наместо да планираат иднина дома, се повеќе сакаат да се иселат од државата.
Куповната моќ на граѓаните за една година е намалена за над 20%, на последно место во Европа сме по куповна моќ, a Македонија е на листата на најсиромашни земји.
Ова се резултатите од промашените економски политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ во изминатата година.
Народот врзвува крај со крај а власта се луксузира со манго, папаја, луксузни патувања со приватни авиони.
Граѓаните заслужуваат подобро од криминална влада која ги остава сами да се борат со сиромаштијата и со енормните сметки.
Потребни се итни мерки за раст на платите, намалување на трошоците за живот и вистинска грижа за стандардот на граѓаните“, изјави Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.