Економија
Новата генерација на најпосакуваниот семеен автомобил е тука: Добре дојдовте во новата „шкода октавија“
Бидејќи со сè што правиме, главниот фокус е секогаш на клиентот. Секој производ или услуга што ги нудиме целат кон тоа да предизвикаат пеперутки во нашиот стомак, да го инспирираат умот и да го убедат срцето. Во склоп на целиот наш опсег на модели, еден исклучително ја постигнува оваа цел веќе цели 60 години. ŠKODA Octavia е столб на портфолиото на возила од чешкиот бренд . Големиот број клиенти го ценат неговиот просторен ентериер, безвременски дизајн и одличната вредност за вложените пари.
Добре дојдовте во комплетно новата генерација на ŠKODA Octavia. Надворешниот дел е комплетно нов, со многу детали кои непогрешливо говорат – Škoda. Со должина од 4,689 мм и ширина од 1,829мм, новата генерација е подолга за 19мм и поширока за 15мм, додека сега, меѓуоскиното растојание изнесува 2,686мм. Оваа разлика во димензии е евидентна во внатрешниот дел, каде просторот е максимално искористен за врвен комфор на патниците.
Надворешност
Дизајнот на надворешноста пресликува типична, но сепак многу елегантна ŠKODA. Кристален дизајн, прецизен и безвременски. На предниот дел се наоѓа новата, дистинктивно решетка со хромиран финиш во форма на шестоаголник.

Покрај неа се наоѓаат комплетно новите full LED Matrix светла со остар, кристален дизајн и функција за индивидуално гаснење на LED-диодите и пренасочување на светлината од сообраќајот што доаѓа од спротивниот правец, со што се избегнува заслепување на возачите. Трепкачите се интегрирани во самите LED-светла.
Дизајнот на предницата се пренесува по должината на целото возило преку препознатливата т.н. торнадо линија и завршува на задниот дел, на кој јасно се забележува линијата која го нагласува класичниот и елегантен изглед на Octavia.

На задниот дел, се истакнуваат гордо испишаните букви ŠKODA на средина на задната врата од багажниот простор, која е електронски прилагодлива, а просторот за багаж сега изнесува огромни 600 литри.

Задните светла се составени од бројни индивидуални LED-диоди, додека трепкачите се интегрирани со ефект на анимација.
Внатрешност
Дизајнот на внатрешноста е целосно променета. Пред вас е воланот со два крака и дигиталниот кокпит со избор помеѓу четири прикази на информации. Basic, кој ги покажува најважните информации, Classic – кој ги враќа традиционалните текометар и брзинометар, Navigation – со кој на целиот 10-инчен екран го гледате патот до вашата дестинација и Driver Assistance – кој нуди детални информации за сите системи. Во погледот на возачот е и head-up дисплејот кој ги прикажува моменталната брзина, навигација, како и сообраќајните знаци директно на ветробранското стакло.
На централната конзола се наоѓа 10-инчен инфозабавен систем, со големи и јасни икони и одлични shortcut копчиња за едноставно ракување. Функциите на системот можат да бидат контролирани со гестикулации или во комуникација со Лаура, вашиот личен, ŠKODA виртуелен асистент.
Комфорот на седиштата е бескомпромисен во сите нивоа на опрема, како лумбарната поддршка и функцијата за масажа.
Сите материјали во внатрешноста се меки на допир, обложени со кожа или квалитетна ткаенина кои даваат севкупно премиум чувство.
Оставите во вратите се големи, просторот во наслонот за рака е одличен, а во оставата за телефон е интегриран безжичен полнач. Дополнително, за патниците се достапни 5 USB-приклучоци.
Во задниот дел, веднаш се забележуваат зголемените пропорции во однос на претходната генерација. Сега, патниците имаат уште поголем простор за максимален комфор при долги патувања.
Кога станува збор за практичноста, Octavia од секогаш е лидер во класата. Низ целата внатрешност интегрирани се многу детали кои секако ќе ви бидат од корист, како џебовите за телефон на страничните делови од предните седишта.
Веќе познатите Simply Clever решенија продолжуваат и во новата генерација на Octavia. Како што се гребалката за мраз која се наоѓа под капакот за полнење гориво, со која исто така можете да ја измерите длабочината на шарите на вашите пневматици. Држачи за таблет на задните страни од седиштата, чадор во предните врати, како и штипка за паркинг-тикет на ветробранското стакло.
Големината на багажниот простор изнесува 600 литри, што е речиси двојно повеќе од некои возила во класата. Со спуштени седишта, просторот се зголемува на неверојатни 1740 литри.
Во багажниот простор паметно интегрирани се повеќе закачалки, дополнителни прегради за организирање на багажот, двоен под со гумена и страна од ткаенина, додека багажната врата се отвора електронски.
Безбедност
Новата Octavia стандардно доаѓа со системот за итно сопирање, систем за одржување на коловозна лента, како и функцијата за итен повик во случај на незгода. Дополнително достапни се системите за набљудување на слепа точка, систем за спречување на незгода, предупредување при напуштање на возилото и системот за сообраќаен метеж.
Интелигентниот адаптивен темпомат врвно го олеснува патувањето, додека сензорите и задната камера се секогаш корисни при паркирање.
Мотори
Понудата за Octavia започнува со 1.0 и 1.5 литарски турбо бензински мотори со мануелен или автоматски DSG менувач со двојна спојка и моќност од 115 и 150 коњски сили.
Дизел верзиите, сега емитуваат 80% помалку NOx гасови од порано, благодарение на двата секвенцијални катализатори. Моќноста на 2 литарскиот дизел мотор изнесува 150 коњски сили.
Новата генерација на ŠKODA Octavia најголемата, најудобна и најбезбедна досега, а со тоа сигурно ги надминува сите очекувања. Според многумина идеалното семејно возило со кое ќе поминувате безброј авантури.
Погледнете ги сите информации на интернет страницата или посетете го салонот на ŠKODA.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ го објави конкурсот за стипендирање
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Фармацевтскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2025 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-30/1 усвоена на ден 31.10.2025 година објавува
КОНКУРС
За стипендирање на 20 студенти по фармација
1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА
· Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по фармација на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје во трета или четврта година од студии
· Во текот на студиите да постигнале најмалку 7,5 просечен успех
· Да не повторувале година во текот на студирањето
2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
· Молба
· Кратко CV
· Уверение за положени испити и постигнат успех
3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса: Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје Булевар „Александар Македонски“ бр.12
1000 Скопје Документите се поднесуваат од 03.11.2025 година до 19.11.2025 година исклучиво по пошта.
4. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА Ќе се стипендираат 20 студенти од трета година и четврта година Фармацевтски факултет. Висината на стипендијата ќе изнесува 7.000,00 денари месечно (нетто износ).
Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат. За резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Медицинскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2025 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-32/1 усвоена на ден 31.10.2025 година објавува
КОНКУРС
За стипендирање на 20 студенти по медицина
1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА
· Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по медицина на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје во трета или четврта година од студии
· Во текот на студиите да постигнале најмалку 7,5 просечен успех
· Да не повторувале година во текот на студирањето
2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
· Молба
· Кратко CV
· Уверение за положени испити и постигнат успех
3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса: Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје Булевар „Александар Македонски“ бр.12 1000 Скопје Документите се поднесуваат од 03.11.2025 година до 19.11.2025 година исклучиво по пошта. 4. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА Ќе се стипендираат 20 студенти од трета година и четврта година Медицински факултет. Висината на стипендијата ќе изнесува 7.000,00 денари месечно (нетто износ). Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат. За резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.
Економија
Фероинвест на „Енерго Технома 2025“ – претставено искуството од првата лиценцирана батерија на електрана во Македонија
На штандот на компанијата на годинешниот саем „Енерго Технома 2025“, посетителите покажаа голем интерес за исплатливоста и придобивките од првата поставена батерија на фотонапонска електрана, во заедничка сопственост на ФЕРОИНВЕСТ и неколку партнери, а изведена од ФЕРОИНВЕСТ.
Бројни сопственици на фотоволтаични електрани се заинтересирани за поставување батериски системи за складирање електрична енергија на нивните објекти, по примерот што го реализираше ФЕРОИНВЕСТ, кој е ексклузивен застапник за Македонија на батериите од глобалниот бренд WHES (WEIHENG).
Инженерскиот тим на саемот ги запозна инвеститорите со искуството од првите недели на работењето на батеријата, кое покажа дека е постигната двојно повисока цена за продажба на електричната енергија, во споредба со фотонапонска електрана без батерија. Ова значи дека инвестицијата во батеријата ќе се исплати за само три години, а дополнително ќе ја подобри вкупната исплатливост на електраната.
Батеријата овозможува складирање на електричната енергија во текот на денот, кога има високо производство од сонце, а пазарните цени се ниски, и користење или продажба во ноќните часови, кога нема сончево производство, а побарувачката и цените се значително повисоки.
На овој начин, батериите создаваат добивка за производителот, односно за електраната, а истовремено му помагаат на електроенергетскиот систем на Македонија, штитејќи го од преоптоварување со прекумерни количини енергија во критичните часови од денот.
Овој тренд, кој произлегува како последица од инсталирањето на поголем капацитет на фотоволтаични електрани од реално потребниот, ФЕРОИНВЕСТ го согледа уште пред две и пол години и започна со истражување и инвестирање во развој на батериски системи.
Батерискиот систем на фотонапонската електрана во Гиновце претставува првата батерија во Македонија која има градежна дозвола, согласност за приклучок на мрежа и лиценца за складирање електрична енергија, согласно новите законски одредби што ја уредуваат оваа нова област на енергетската транзиција во земјава.
Батерискиот систем е поставен на фотонапонската електрана во Гиновце, во близина на Крива Паланка.
Електраната има инсталирана моќност од 4,5 MW (мегавати) и батериски систем со капацитет од 6,1 MWh (мегаватчаса), со кој секојдневно управува ФЕРОИНВЕСТ преку сопствен систем за програмирање и контрола.
(ПР)
Економија
Децата од градинката „Пролет“ во посета на МИНТ финтек-групацијата по повод Денот на штедењето
По повод 31 октомври – Светскиот ден на штедењето, МИНТ Финтек Групацијата ги отвори вратите на своите главни канцеларии во Битола и организираше посета за најмладите, децата од детската градинка „Пролет“.
Во духот на едукацијата и добрите финансиски навики, децата имаа можност да се запознаат со симболиката на штедењето и да научат како преку мали чекори може да се создадат големи навики. Со нивните насмевки и прашања за тоа „како растат парите“, денот доби најубава смисла.
Секое дете доби специјално дизајнирана Mint касичка – со мотиви од вселената и природата – симбол на љубопитност, раст и одговорност. Покрај тоа, децата изработија и цртежи на тема „штедење“ кои останаа изложени во канцелариите на компанијата како потсетник дека најубавите инвестиции се оние во иднината.
„Во Mint Fintech Group веруваме дека финансиската писменост почнува уште од најрана возраст – преку игра, боја и инспирација. Затоа секоја година на овој ден сакаме да им ја приближиме на децата идејата за штедење како нешто убаво, креативно и значајно,“ велат од компанијата.
Настанот беше организиран во соработка со воспитувачите од ЈОУДГ „Естерија О. Мара“ – објект „Пролет“, а ќе продолжи и утре во знак на Денот на осигурувањето, со нови активности посветени на безбедноста и довербата.
Mint Fintech Group продолжува да вложува во развојот на финансиската едукација и општествената одговорност, градејќи култура на штедење и доверба меѓу најмладите генерации.
(ПР)

