Спорт
Снајдер: Во Реал Мадрид мојот најдобар пријател беше вотката

Поранешниот холандски фудбалски ас, Весли Снајдер неодамна изјави дека можел да го стигне нивото на Кристијано Роналдо и Лионел Меси, но дека не го сакал тоа, а сега во новата автобиографија открива дека времето кога бил фудбалер на Реал Мадрид го потрошил на погрешни работи.
Автобиографијата ќе се објави в петок во Холандија.
„Бев млад и сакав да бидам успешен и да бидам во центарот на вниманието. Но, во Мадрид ми се случија лоши работи. Не беа дроги, туку алкохол. Се навикнав да живеам како ѕвезда. Во Реал Мадрид те обожаваат и прекрасно е да излезеш со илјадници евра во тебе и да честиш. Ништо нем и недостасуваше. Не сфатив дека шишето вотка ми стана најдобар пријател. Утрото ќе станев и ќе одев на тренинг. Но, се лажев. Потонав физички, трчав помалку, се криев од тренерот. Мислев никој нема да забележи“, вели Снајдер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) ФИФА им изрече жестоки казни на играчите на Бока

Дуелот помеѓу Бока јуниорс и Бенфика, покрај ремито до кое Португалците стигнаа по дефицит од два гола, беше обележан и со три црвени картони. Како што се очекуваше, Андер Ерера доби строга казна. Казната што му беше изречена на Јорген Фигал е построга од очекуваното.
Ерера доби црвен картон надвор од теренот, кратко откако беше заменет поради повреда, поради напад врз судијата кој се приближи до БАР мониторот за да провери дали прекршокот направен во шеснаесетникот на Бока е доволен за пенал за Бенфика.
Обезбедувањето мораше да реагира и да го запре Ерера за да спречи физичка пресметка помеѓу него и судијата.
LO TUVIERON QUE AGARRAR 😯
El motivo por el que fue expulsado Ander Herrera #FIFACWC@FIFACWC | Todos los partidos gratis en https://t.co/yWCWbevPop #TakeItToTheWorld pic.twitter.com/ga7t4WcLr0
— DAZN Fútbol (@DAZNFutbol) June 16, 2025
Како што се очекуваше, поранешниот играч на Атлетик Билбао и Манчестер јунајтед, доби ригорозна казна. Ерера доби суспензија од четири натпревари.
Доколку не е повредата не сериозна тој нема да биде во составот на Бока до полуфиналето, во случај Бока да стигне до оваа фаза од натпреварувањето.
ФИФА, исто така, му изрече суспензија од четири натпревари на Фигал, кој прво доби жолт картон за невнимателниот старт, а потоа по проверка на ВАР, таа казна беше променета во исклучување.
Бока поднесе жалба за обете казни, а клубот се надева дека казната на Фигал ќе биде преполовена.
Спорт
Барселона на Ибица се договори со Нико Вилијамс

Нико Вилијамс (22) ќе игра за Барселона почнувајќи од следната сезона, тврдат највлијателните каталонски медиуми и најпознатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо.
Конечниот договор меѓу двете страни „падна“ на Ибица, каде што Нико моментално одмара, а каде што претставниците на каталонскиот клуб, предводени од спортскиот директор Деко престојуваа во претходните денови.
Според Романо, тој дел од работата е завршен, како и финансискиот дел од договорот меѓу клубот и играчот, според кој Вилијамс би инкасирал помеѓу седум и осум милиони евра годишно.
Договорот би важел до 2031 година.
Интересно е што на блискиот остров Форментера (половина час со ферибот од Ибица), одмара и тренерот на Барса, Ханси Флик, таму има куќа, но не е познато дали лично се сретнал со фудбалерот и дали бил вклучен во преговорите.
Барселона на тој начин, од вториот обид, како што стојат работите ќе да го добие човекот кој направи чуда со Ламин Јамал на претходното Европско првенство и со „црвената фурија“ ја освои титулата.
Преговори меѓу двете страни имаше и минатото лето, но тогаш помладиот од браќата Вилијамс, реши уште една сезона да остане во Атлетик Билбао. Откупната клаузула во неговиот договор изнесува 60 милиони евра.
Вилијамс, по сопствено признание, се покајал за таа одлука, дури и му се јавил на Деко да му каже тоа. тврдат медумите.
Спорт
Салах сака да ја освои „Златната топка“ за својот народ

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, изјави дека сака да ја освои „Златната топка“ за египетскиот народ.
Салах е еден од фаворитите за освојување на „Златната топка“, откако минатата сезона постигна 34 гола на 52 натпревари во сите натпреварувања. Со 22 гола во лигата, тој му помогна на Ливерпул да ја освои титулата во Премиер лигата и ја освои „Златната копачка“.
„Ако ја освојам, ќе биде одлично. Ако не ја освојам, и понатаму ќе мислам дека мојата кариера е одлична. Но, таа слика ми е во главата, секогаш. Сакам да ја освојам за мојот народ. Тоа нешто ми е секогаш во мислите“, изјави Салах за „Франс фудбал“.
Првиот и единствен играч на Ливерпул што ја освои „Златната топка“ беше Мајкл Овен во 2001 година.
Салах порасна играјќи фудбал со својот брат во египетското село Нагриг.
„Не размислував за тоа кога бев мал, бидејќи кога играш на улиците во Египет, не се гледаш себеси како освојувач на „Златната топка“. Првпат беше споменато кога менаџерот Рами Абас ми зборуваше за тоа. Мислам дека почнав повеќе да верувам во тоа во Ливерпул, а не во Рома“, рече 33-годишниот напаѓач.
„Неколку играчи го освоија трофејот во своите триесетти години, па којзнае? Изгледа дека следната сезона ќе биде возбудлива со нас како ја браниме титулата во Премиер лигата, играјќи во Лигата на шампионите, Африканскиот куп со Египет и Светското првенство“.
Како што објави „ТНТ“, обложувалниците најголеми шанси за освојување на „Златната топка“ му даваат на Усман Дембеле од Пари Сен Жермен, кој ја освои Лигата на шампионите со „светците“ минатата сезона.
Неговиот соиграч Витиња е исто така во конкуренција, како и Ламин Јамал од Барселона,
Во конкуренција се и Килијан Мбапе од Реал Мадрид, Хвича Кварацхелија од Пари Сен Жермен и Рафиња од Барселона.
Престижниот трофеј ќе биде доделен на 22 септември.