Спорт
Винс Картер тивко отиде во легендите, ги „закачи патиките“
Секоја бајка има крај, па и онаа поврзана со кошаркарската кариера на Винс Картер, попознат како „Ер Канада“.
Картер официјално објави крај на играчката кариера. Еден од најатрактивните играчи во НБА одлучи да ги „закачи патиките“.
„Готово е, официјално завршив со професионалното играње кошарка“ – изјави Картер.
Тој последниот меч во кариерата го одигра на 11 март против Њујорк Никс. Постигна тројка на 13 секунди пред крајот на продолжението.
Сепак, тоа не беше добро простување, не онакво какво што Картер заслужи.
Уште додека траеше тпј меч, стугна соопштението дека НБА сезоната се запира. Јасно беше дека сезоната ќе продолжи само со тимовите кои изборија место во плеј-офот, а Аталанта не беше меѓу тие 22 тима.
Винс Картер во НБА е од 1998 година. Во 22-годишната кариера во најсилната лига ќе остане запаметен по атрактивните забивања.
Беше учесник на осум Ол-стар меча, а го собори рекордот по бројот на одиграни НБА сезони – вкупно 22. Една помалку од него имаат Кевин Гарнет, Дирк Новицки, Роберт Периш и Кевин Вилијамс.
Картер одигра 1.541 меч, а кариерата ја заврши со 16.7 поени, 4.3 скока и 3.1 асистенција по меч.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Влаховиќ успешно опериран, ќе паузира 14 недели
Душан Влаховиќ е успешно опериран во Лондон по повредата на левата аддукторна тетива, потврди Јувентус. Според првичните проценки, напаѓачот ќе биде надвор од терените најмалку 14 недели, што значи дека се очекува да се врати дури во март 2026 година.
Српскиот ас ја претрпе повредата за време на победата на Јувентус над Каљари во Серија А, по што веднаш отпатува во Лондон на консултација со стручњак. Операцијата, која ја извршија проф. Ернест Шилдс и Ровена Џонсон во присуство на клупскиот доктор Марко Фрески, беше извршена во клиниката „Мајо“ во Лондон.
„Играчот ќе ја започне програмата за рехабилитација од петок, 5 декември“, се наведува во соопштението на клубот.
Влаховиќ е вториот играч на Јувентус кој беше опериран вчера. Дефанзивецот Федерико Гати го оперираше менискусот на десното колено во Нант.
По операцијата, се огласи и Влаховиќ и напиша на социјалните мрежи:
„Се гледаме наскоро“.
Foto/ EPA
Спорт
Меси не е сигурен дали ќе игра на Светското првенство
Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси изјави дека можеби ќе го пропушти Светското првенство следното лето, односно дека можеби ќе го гледа турнирот од трибините, наместо да ја брани титулата со Аргентина на теренот.
Осумкратниот освојувач на Златната топка, кој го слави својот 39-ти роденден во јуни, изрази желба да се натпреварува, но призна дека можеби нема да биде во составот.
Тој нагласи дека нема намера да му биде пречка на националниот тим.
„Не сакам да бидам товар“, рече тој пред ждрепката во Вашингтон.
Меси изрази загриженост за одржување на врвна физичка кондиција.
„Ќе имаме подготовки помеѓу, со неколку натпревари до Светското првенство, и ќе видиме како ќе одат работите ден по ден за да видиме дали навистина се чувствувам доволно физички подготвен за да бидам таму каде што би сакал да бидам и да можам да учествувам“, рече Меси.
Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, претходно изјави дека е свесен за „неизбежното заминување“ на капитенот. Тој изјави дека го вклучил Меси во националниот тим, но призна дека тимот „значително се развил во последните години“.
Foto/ EPA
Спорт
По 100.000 симулации, суперкомпјутерот пресмета дека Шпанија ќе победи на СП
Foto/ EPA
Ждрепката за Светското првенство во 2026 година ќе се одржи денес во Центарот „Кенеди“ во Вашингтон. Церемонијата започнува во 18:00 часот по средноевропско време, а малку подоцна ќе биде познато како ќе изгледаат 12-те групи на досега најмасовното Светско првенство.
САД, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули ќе бидат домаќини на Светското првенство..
Ова ќе биде првото Светско првенство на кое ќе се натпреваруваат 48 репрезентации, дури 16 повеќе отколку на Светското првенство во Катар 2022 година.
Ова значи дека вкупниот број на натпревари ќе се зголеми од 64 на 104.
Националните селекции ќе бидат поделени во 12 групи од по четири екипи. Двете најдобри екипи од секоја група и осум од 12-те третопласирани репрезентации ќе се пласираат во осминафиналето.
Експертите од платформата „Фудбал мејтс дата“, специјализирана за применета фудбалска статистика, направија 100.000 симулации на претстојното Светско првенство за да гои одредат фаворитите пред ждрепката.
Суперкомпјутерот ѝ дава на Шпанија најголема шанса за титулата, пред бранителот на титулата Аргентина и актуелниот вицешампион Франција.


