Црна хроника
Четворица ранети во пукање на карневал во САД

Непознат напаѓач отворил оган за време на традиционалниот карневал „Марди Гра“ во Њу Орлеанс, при што се ранети четири лица, јавува Assocaited Press повикувајќи се податоци од полициски извори.
Двајца мажи и две жени се повредени во инцидентот, кој се случи на преполната авенија Бурбон, по којашто секоја година минува карневалската поворка. Состојбата на еден од ранетите се оценува како критична.
Веднаш што се слушнале истрелите учесниците на карневалот ги зафатила паника. Поворката по авенијата била сопрена, а полициските сили го блокирале местото на инцидентот. Полицијата трага по напаѓачот и сѐ уште нема објаснување за мотивите за нападот.
Сличен инцидент се одигра на 20-ти јануари во градот Џексон, во сојузната американска држава Мисисипи за време на парадата во чест на борецот за правата на афроамериканците Мартин Лутер Кинг, при што загина едно лице.
Сѐ почестите инциденти во САД во кои се употребува огнено оружје на јавни места и во училиштата предизвика широка јавна расправа, при што американскиот претседател Барак Обама го повика Конгресот да се разработи прописи со кои ќе се донесат построги правила за продажба и поседување оружје./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Масовна тепачка во Трубарево: полицијата приведе седум лица

Вчера во 20:35 часот во село Трубарево, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Џ.Ј.(32), А.Р.(39), А.Р.(36), Ш.Р.(39), Р.С.(35), Е.И.(27) и еден малолетник, сите од Скопје, затоа што А.Р.(39), А.Р.(36) и Џ.Ј. физички ги нападнале Д.Т.(47) и неговите две малолетни деца, при што употребиле тврди предмети, а потоа заедно со останатите лица агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Пожар во куќа во изградба во Скопје: нема повредени

Вчера околу 16:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Хо Ши Мин“ настанал пожар во куќа во изградба, сопственост на 55-годишниот М.Ц. од Скопје.
Од пожарот била опожарена фасада од куќата, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот.
Повредени лица нема. Бил извршен увид.
Црна хроника
Скопјанец се повредил додека работел во приватна фирма во Визбегово: пренесен е во болница

Вчера околу 09:45 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен 57-годишниот И.М. од Скопје.
Според пријавеното, тој со повредите се здобил додека извршувал работни задачи во приватна фирма во село Визбегово, скопско.
Известен бил трудов инспектор, а полициски службеници излегле на местото на настанот.