Македонија
Жерновски: Избори како што и’ доликуваат на земја-членка на НАТО
Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, учествуваше на конференција посветена на 20 годишнината од потпишување на Варшавската декларација на меѓународната организација Заедница на демократии.
Настанот беше прва прилика каде Република Северна Македонија учествуваше како полноправна членка на Управниот одбор на Заедницата на организација, по пристапувањето на 25 ноември 2019 година. На настанот учествуваа и се обратија повеќе министри за надворешни работи, меѓу кои министрите за надворешни работи на Полска, Норвешка, Романија, Грузија, како и други високи претставници на земјите членки, меѓу кои и потпретседателката на ЕК , Вера Јурова, заменикот државен секретар на САД, Стефан Биеган, поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт, а се разговараше за глобалната состојба на демократијата во време на светската пандемија предизвикана од вирусот КОВИД-19.
Во своето обраќање, Жерновски се осврна на значењето на Варшавската декларација дваесет години подоцна, особено од аспект на актуелната здравствена криза, при што потенцираше дека: “Република Северна Македонија, направи значајни чекори што ја вратија на демократскиот курс и што доведоа до забрзување на процесот на евро-атланска интеграција на земјата. Ние ги презедовме сите потребни мерки и активности и во време на вонредна состојба за почитување на човековите права и демократијата со инклузивен пристап кон сите општествени категории. Парламентарните избори, кои ќе се одржат на 15 јули оваа година, ќе бидат во согласност со сите здравствени протоколи, ќе доведат до формирање на политичка влада со целосен мандат и функционални институции, кои ќе го продолжат демократскиот и реформски курс на земјата.”
На конференцијата се усвои и Заедничка изјава на сите учеснички, за значењето на Варшавската декларација и потребата од преиспитување на постојните демократски практики и почитувањето на човековите права во вонредни услови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

