Македонија
Шекеринска: За само две и пол години направивме пресврт – 60% повисока минимална плата, 60.000 нови работни места
За само две и пол години направивме пресврт таму каде многу малку се надеваа. Почнавме за првпат не само да зборуваме, тука да покажуваме само поправична држава може да биде добра држава, истакна носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во изборната единица 5, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, на граѓанската трибина на коалицијата „Можеме“ во Кичево.
„ Целиот изминат период ни говореа дека тоа е невозможно. Ние покажавме дека со срце, со душа кога ќе се зафатиш со работата небото е крајот. Се сеќавам пред две и пол три години кога рековме минималната плата во нашава држава е срамно ниска, и ќе ја покачиме. ВМРО-ДПМНЕ велеше нема шанси, ја затекнавме минималната плата на 9 илјади денари и тоа не за сите, во текстилот и во кожарската индустрија беше и пониска, за само две и пол години минималната плата ја покачивме два пати од 9 на 14.500 денари, и не застануваме, затоа што плата е право за достоинствен живот“ нагласи Шекеринска.
„ Кога велевме минималната плата ќе расте, ВМРО-ДПМНЕ велеше ако тоа го направите 100 илјади луѓе ќе останат без работа, ние го направивме, бевме храбри првпат, бевме храбри и вторпат. И денеска минималната плата е речиси 60 % повисока од таа што ни ја оставија, а создадовме нови 60 илјади работни места“, истакна Шекеринска.
Таа додаде дека кога пред две и пол години рековме парите ќе ги враќаме кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ беше и против тоа, гласа против сите проекти кои значеа дека парите од нивни џебови или од некој други бели палати ќе заминуваат во семејните буџети на нашите граѓани, велеа нема шанси, покажавме дека може.
„ Покажавме дека може да се укине радиодифузната такса, покажавме дека може да се врати евтината тарифа, покажавме дека може дел од ДДВ-то четири пати годишно да се враќа кај граѓаните и денеска паднаа во вода нивни тези дека не може, сега велат малку е. Што било една радиодифузна такса да ја укинеш, а ич, нагласи Шекеринска
Ако беше малку имаа 11 години зошто не ја укинаа радиодифузната такса, ако евтината тарифа е малку, зошто не ја вратија. Ако „Мој ДДВ“ како што велат само 3 илјади денари во тромесечјето било, ако е и тоа малку зошто тие не го направија. Ако ги враќаа парите кај граѓаните макар по толку денес секое семејство во нивните 12 години ќе имаше 12 илјади евра, е не е малку, нагласи Шекеринска.
Кога денес ВМРО-ДПМНЕ зборува за поголеми плати, пензии вратете го назад филмот како 100 пати велат дека не може, не ги ценете ги според зборот туку по тоа што го направија, порача Шекеринска.
Ние преземаме обврска дека ќе градиме економија, која нема да се базира на минимална плата, ќе им помагаме на бизнисмените да даваат пристојни плати да расте и минималанта и просечната плата, порача носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во изборната единица 5, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, на граѓанската трибина на коалицијата „Можеме“ во Кичево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Македонија
Агресивен карцином кај 10-годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.

