Македонија
Андоновски: Јас ја договорив средбата со Мицкоски, замолив еден од сопствениците на кафеаната да отвори
Љупчо Андоновски, советник на министерот Наќе Чулев, кој го придружуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во кафеаната на Боемска улица, даде исказ во полициска станица.
Андоновски пред медиумите го правдаше Мицкоски, велејќи дека тој договорил со газдите на кафеаната да седнат во затворениот дел на објектот, иако тоа беше забрането со уредба донесена од Владата. Според Андоновски, ваквото прекршување на мерките не е значајно како други работи кои се случувале во државата.
„Па ништо не се случи, дадов исказ пред колегите, им објаснив како беше настанот. Мене ми е жал што овој настан предизвика толкаво медиумско внимание. Има многу позначајни работи кои се случуваат во државава, но, за жал, интересно им беше дека сум бил на ручек со претседателот Мицкоски. Им објаснив како беше и сакам сега на сите вас да ви кажам. Винарницата не работеше, но го замолив еден од газдите на винарницата да отвори за да седнеме со еден пријател, тој не знаеше кој е. Откако отидовме таму, кога виде дека е дојден Христијан Мицкоски, сопственикот нè послужи со пијалак, седнавме и поразговаравме околу час, час и пол. Потоа, тој ја напушти винарницата, по него јас“, рече Андоновски, советник на Чулев и придружник на Мицкоски во кафеаната.
Тој пред медиумите додаде дека не ги попречувале инспекторите да влезат во затворениот дел од објектот, што е спротивно на тврдењето од Пазарниот инспекторат. Инспекторите дента кога се случи настанот кажаа дека откако биле попречени да направат увид во затворениот дел со образложение дека просторијата е заклучена, виделе како од внатре излегуваат неколку лица, меѓу кои Мицкоски и Андоновски.
„По нас газдата ја напушти винарницата и си замина, за од средствата за масовна комуникација, од медиумите, да разберам дека сме биле во винарницата, дека сме попречувале да влезат инспекторите на трудова инспекција, дека директорот Сашо Тасевски повикал и ЕБР, тука се нашол и началникот на Интервентна полиција, Примислав Димовски, па наводно сме криеле камери, ресивери, што апсолутно го отфрлам. Јавниот обвинител побарал известување преку МВР да го расчистат овој случај. Ја користам оваа пригода да им кажам да го погледнат членот 3 од КЗ на Македонија кој гласи дека на секој сторител на кривично дело ќе му се суди според кривичното дело кое е пропишано во тој момент. Во меѓувреме, доколку се измени еднаш или двапати тој закон, тогаш ќе се примени законот кој е поповолен за сторителот“, додаде Андоновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

