Црна хроника
Обид за убиство во Гостивар

Поради нерасчистени имотни односи, еден човек можеше да биде убиен во Гостивар.
Во петокот околу 14 часот, во Гостивар на ул. „Браќа Гиноски“ поточно во пицерија „Пикасо“, дошло до предизвикување општа опасност од лицето Б. Н.
Додека тој бил со лицата З.Ф. (50) и М.Ф. (84) двајцата од с.Балиндол, со цел да се договорат за нерасчистени имотно правни односи, во еден момент настанала расправија, по која Б. Н. со тупаница го удрил З.Ф. во пределот на лицето.
Откако тој паднал на подот и се сокрил зад М.Ф, Б.Н извадил пиштол и испукал еден куршум во правец на З.Ф., но не го погодил, а куршумот завршил во тревникот.
Во понатамошните намери Б. Н. бил спречен од присутните гости.
Увид на лице место извршила екипа од полицијата од Гостивар, при што е пронајдена една чаура, која ќе биде дадена за вештачење.
Полициската станица од Гостивар презема мерки за пронаоѓање на Б.Н. и расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.