Топ
Две деца загинаа во несреќа со трактор во Босилово

Две деца на возраст од 14 и 15 години загинаа попладнево управувајќи трактор во општина Босилово.
Тие со возилото излетале од мост и паднале во реката Струмица, по што починале на самото место.
Едното дете е од селото Пиперово, а другото од селото Добрејци. Несреќата се случила на патот меѓу двете села.
На увид е излезен и јавен обвинител заедно со полицијата. Се утврдуваат причините за несреќата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Се урна покрив на ноќен клуб во Доминиканската Република, загинаа најмалку 79 лица

Според последните извештаи, најмалку 79 луѓе загинале, а 155 се повредени при уривање на покрив на ноќен клуб во главниот град на Доминиканската Република.
Меѓу загинатите е и популарен пејач, гувернерот на провинцијата и поранешен професионален бејзбол играч Октавио Дотел, соопштија властите.
Спасувачките екипи, користејќи тешка опрема, цел ден се обидуваат да извлечат преживеани од урнатините. Хуан Мануел Мендез, шеф на оперативниот центар за итни случаи на Доминиканската Република, претходно во вторникот изјави дека сè уште не го знае точниот број на луѓе во клубот во моментот на колапсот.
❗️🇩🇴 – A roof collapse at a nightclub in the Dominican Republic has left at least 13 people dead and 93 others hospitalized, according to local reports.
The tragic incident, which occurred in a popular entertainment venue. Authorities are investigating the cause of the… pic.twitter.com/ZoR3Oq12wb
— 🔥🗞The Informant (@theinformant_x) April 8, 2025
Локалните медиуми претходно проценија дека во моментот на трагедијата во клубот Џет сет биле присутни меѓу 500 и 1.000 луѓе. Несреќата се случила во вторникот околу 45 минути по полноќ за време на концертот на популарниот доминикански пејач Руби Перез, кој е меѓу загинатите, според неговиот менаџер и членовите на семејството во близина на местото на настанот. На настанот присуствуваа политичари, спортисти и други истакнати личности.
Меѓу жртвите е Нелси Круз, гувернерка на северната провинција Монте Кристи, изјави претседателот Луис Абинадер. Круз беше сестра на поранешниот бејзбол играч Нелсон Круз, седумкратен MLB All-Star.
Во колапсот загинаа и поранешните МЛБ играчи, Октавио Дотел и Тони Бланко, потврдија локалните власти. Дотел почина на пат кон локалната болница откако беше извлечен од урнатините, изјави портпаролот на националното министерство за спорт.
Дотел (51) го имаше своето деби за Њујорк Мец во 1999 година и играше за повеќе од десетина тимови до 2013 година.
Свет
Кандидатот на Трамп за шеф на НАСА: Мисијата на Марс е приоритет

Кандидатот на американскиот претседател Доналд Трамп за директор на НАСА, Џеред Ајзакмeн, рече дека вселенската агенција ќе даде приоритет на испраќање американски астронаути на Марс.
„Наш приоритет ќе биде испраќање американски астронаути на Марс. На тој пат, неизбежно ќе ги развиеме способностите потребни за враќање на Месечината и да ги утврдиме придобивките од постојаното присуство на површината на Месечината“, рече Ајзакмeн во писмената изјава подготвена за сослушување пред Комитетот за трговија, наука и транспорт на американскиот Сенат.
Ројтерс во понеделникот објави дека Ајзакмeн, зборувајќи со сенаторите минатата недела, ја истакнал важноста да се вратат луѓето на Месечината пред Кина да го стори тоа. Неговите зборови донекаде ја намалија загриженоста дека програмата на НАСА за Месечина, вредна повеќе милијарди долари, може да биде загрозена со префрлање на фокусот на Марс.
Програмата „Артемис“ на НАСА, која има за цел да ги врати луѓето на Месечината, беше лансирана за време на првиот претседателски мандат на Трамп како начин да се тестираат технологиите потребни за мисии на Марс со подолг дострел.
Неговиот став за програмата „Артемис“ се очекува да биде жестоко дебатиран за време на сослушувањето во Сенатот.
НАСА веќе инвестираше милијарди долари во програмата за враќање на Месечината, соработувајќи со американските сојузници и бројни приватни компании, вклучително и „Спејс Икс“ на Илон Маск, кој ја гледа Месечината како иден пазар.
Сепак, во неговиот втор претседателски мандат, Трамп се повеќе јавно го истакнува Марс како врвна цел. Маск, кој лобираше за номинацијата на Исакман, смета дека вниманието се оттргнува од патот кон Црвената планета.
Ајзакмeн нагласи дека повеќето американски вселенски програми ги надминуваат предвидените буџети и доцнат со роковите.
„Тоа е обесхрабрувачки бидејќи луѓето денес гледаат кон ѕвездите и се прашуваат што има таму, а не што ќе биде таму за неколку децении“, наведува тој.
Свет
Во сила е нов пакет тарифи на Трамп, за Кина воведени царини од 104 отсто

Новиот сет на царини на Трамп стапи на сила утрово за приближно 60 земји ширум светот.
Од 6 часот наутро по наше време, Кина се соочува со вкупна царина од 104 отсто за увоз во САД.
За Виетнам беше воведена царина од 46 отсто, за Тајланд 36 отсто, за Јапонија 24 отсто и за Европската унија 20 отсто.