Македонија
(Видео) Заев од Гевгелија: Ја отворивме светлата иднина на државата, продолжуваме заедно да чекориме напред по правиот пат
Претседателот на СДСМ и носител на кандидатската листа на пратеници од четвртата изборна единица, Зоран Заев, денеска во стартот на втората недела од кампањата се обрати на граѓанската трибина во Гевгелија.
„Гевгелија не е само најблиската дестинација до ЕУ на три километри од овде е од ЕУ, туку веројатно го имате едно од најубавите места за живеење, со целата еколошка свесност внатре, со сите перспективи, географска дестинација, мудар и работлив народ. Низ целата таа мудрост секогаш знаел да носи мудри одлуки. Мене ми е драго вечерва што можеме да дискутираме со овие вредни луѓе околу мене“, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Пред гевгеличани тој зборуваше за сработеното во изминативе неполни три години.
„Веројатно ќе биле полесни одлуките ако биле понавремено донесени но имавме 30 години тапкање во место, изолирани од целиот свет додека целиот свет иташе напред. Дојде време да носиме храбри одлуки. Бев прв меѓу еднаквите кога требаше храброст на дело да се бориме против режимот и да ја ослободиме татковината а и народот од шепотењето, од стравот, од заканите, од уцените, од грабежот, од забеганите проекти каде што ги трошеа народните пари. Имав храброст и кога требаше да ги решаваме проблемите и прашањата отворени со децении и како што е спорот со името и проблемот со Бугарија, 20 па и 30 години. Извојувавме одлични решенија кои што не само што изградија партнерство и стратешко пријателство со Грција и Бугарија туку отворија перспективи, ја отворија иднината. Ги исполнивме стратешките цели на државата“, истакна Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од булеварот Партизански Одреди бр. 95, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (локално над 25 l/m2) и со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност од денеска до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во текот на денешниот ден и во четврток (над 25 l/m2 за 24 часа). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во четврток на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а дневните температури ќе опаднат за 4-6 степени во споредба со утрешните.
Стабилизирање на времето се очекува од недела.
Македонија
Муцунски во Белград: Регионалното поврзување е клучно за забрзување на европската интеграција
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вечерва во Белград учествуваше на работна средба со министрите за надворешни работи на земјите-членки на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ).
Фокусот на разговорите беше ставен на проширувањето на Европската унија, актуелните геополитички околности и предизвиците што произлегуваат од нив, како и на регионалната безбедност и неопходноста од засилено регионално поврзување и соработка.
Министрите уште еднаш ја потврдија важноста на ЦЕИ како стабилна платформа за продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес, унапредување на партнерствата и ефективно справување со регионалните предизвици.
Во своето обраќање министерот Муцунски ја нагласи улогата на регионалното поврзување и регионалните иницијативи како клучни алатки за забрзување на европската интеграција – најзначајниот процес за поддршка на мирот, безбедноста и економскиот развој на континентот. Тој ја потврди целосната посветеност на Република Северна Македонија на европскиот пат, нагласувајќи дека тоа е геостратешка неопходност за стабилен, сигурен и просперитетен регион.

