Контакт

Европа

Барселона: „Туристи одете си дома“

Објавено пред

Туризмот е еден од највносните бизниси во Барселона, вториот по големина шпански град, но 27 милиони туристи кои секоја година ја посетуваат каталонската престолнина и задаваат главоболки на новоизбраната градоначалничка, која се бори средоземноморската порта да ја сочува да не стане тематски парк.

dobivaj vesti na viber

„Туристи одете си дома“ често може да се забележи дека е испишано на ѕидовите низ центарот на градот, кој се бори со зголемениот број туристи, тренд што почна по одржувањето на Олимписките игри во 1992 година.Градот, кој брои 1,6 милиони жители, сега е трет најпосетен град во Европа, по Лондон и Париз, според студијата објавена во 2013 година од Mastercard, а туризмот носи 14 отсто од парите во градскиот буџет.Проблемот со туристите особено е забележителен во лето, кога реки туристи се движат по Ла Рамбла, главната улица и сакаат да ги посетат зградите на модернистичкиот архитект Антони Гауди, додека на плажите нема место да се постеле една крпа.„Барселона е на крстопат. Ако ништо не се преземе, за 30 до 40 години може да стане како Венеција, град кој е специјализиран за туризам“, вели Францеск Муњоз, професор по географија на Автономниот универзитет во Барселона, пишува AFP.Зависноста од туризмот е веќе видлива во некои делови од градот, како улицата Рамбла која има три летни за возила. Некогаш беше место каде се среќаваа локалните жители, а сега улицата е затрупана со туристи кои бараат да купат брза храна и сувенири.„Ја губиме нашата суштина. Таму кадешто некогаш имаше цвеќиња, сега има сувенири“, вели Каролина Палес, сопственичка на најстарата цвеќарница на Рамбла, основана од нејзината прабаба во 1888 година.Пред нејзиниот дуќан има голем билборд кој виси од балконот на кој пишува: „Барселонци, вратете се на Рамбла“.Продавачите на блискиот зелен пазар се жалат дека поради туристите, локалните жители не можат да дојдат и да ги напазарат потребните свежи продукти. Нема како да поминат низ метежот со своите торби.Локалните власти, порано годинава, забранија влез на туристите во пазарот за време на шпицот.„Туристичкиот бум е брз процес, само 25 години, а градот не можеше добро да го апсорбира. Ова генерира туризмофобија“, вели професорот по географија Францеск Паломек, кој од 2008 до 2013 година работел на туристичкиот план на градот. Сега, Ада Колау, активист против иселување, која од минатиот месец е нов градоначалник на Барсеолна, работи на план кој треба животот на локалните жители да го направи покомпатибилен со овој важен економски сектор, кој вработува 120.000 луѓе.Нејзина прва мерка, е да престане издавањето лиценци за туристичко сместување на една година, додека се работи на нова стратегија за контрола на туризмот.Но, оваа одлука спречува околу 30 проекти, од кои најголем е секако оној за познатата згрда „Агбар“, која треба да стане „Хајат“ хотел со пет ѕвезди, откако ја купи инвестицискиот фонд „Емин капитал“,  за 150 милиони евра, од каде планираат да ја пуштат во употреба во 2017 година, а каде ќе се вработат 1.000 луѓе.По суспензијата за лиценци, претседателот на „Емин капитал“, Жорди Бадиа предупреди: „Барселона е глобален модел кога станува збор за туризмот. Секој инвеститор сака да дојде овде, а се креира законска несигурност, со што тие ќе заминат на друго место“.Во Барселона во моментот има 600 хотели, со 74.000 соби, како и 9.600 регистрирани туристички апартамни. Но, се претпоставува дека има уште 137.000 легла кои не се регистрирани, а се закупуваат преку интернет.„Барселона е глобална туристичка икона.  Но, ако  проблемите продолжат може да ја извалкаат таа слика за градот, што секако, ќе влијае на туризмот“, вели професорот Паломек./крај/мф/бб

Европа

(Видео) Русија: Украина го нападна нашиот брег на Црното Море

Објавено пред

Русија во петокот објави дека Украина го нападнала нивниот брег на Црното Море во близина на Сочи со ракети и беспилотни летала.

dobivaj vesti na viber

Градоначалникот на Сочи, туристичка дестинација на источниот брег на Црното Море, објави дека украинскиот напад е запрен.

Жителите на градот, кој беше домаќин на Олимписките игри во 2014 година, објавуваа на социјалните мрежи за тревогите и експлозиите. Градоначалникот ги повика луѓето да ги избегнуваат плажите и крајбрежните области и да побараат засолниште.

Локалните медиуми објавија дека сообраќајот на меѓународниот аеродром во Сочи е привремено запрен. Нема непосредни извештаи за штети.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека 32 украински дронови биле пресретнати над Кримскиот полуостров.

Службениците изјавија дека немало штета на електраните или прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Германската новинска агенција ДПА цитираше непотврдени извештаи и видеа на социјалните мрежи дека голем објект за складирање нафта во Симферопол, Крим, бил погоден.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Експлозија во станбена зграда во Букурешт: две лица загинаа, 12 сповредени

Објавено пред

Силна експлозија потресе осумкатна станбена зграда во Букурешт.

dobivaj vesti na viber

Според првичните извештаи од властите во романската престолнина, две лица загинаа, а 12 други се хоспитализирани, објави Ројтерс.

Експлозијата искрши прозорци во блиското средно училиште и уништи неколку станови на петтиот и шестиот кат од зградата.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин свика состанок на моќниот Совет за безбедност на Русија по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, објавија денес руските новински агенции повикувајќи се на помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.

dobivaj vesti na viber

Според Ушаков, Путин детаљно ги информирал членовите на Советот за безбедност за разговорот со Трамп.

Трамп и Путин се согласија в четврток да одржат уште еден самит за војната во Украина, изненадувачки потег што дојде откога најавата за нова американска воена поддршка за Киев предизвика загриженост во Москва.

Во Русија, Советот за безбедност е клучно тело за донесување одлуки за најважните прашања за националната безбедност на Русија.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

Андоновски: Македонија добива современ и сеопфатен план за дигитален развој

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска ја претстави новата Национална стратегија за информатичко-комуникациски технологии – „СМАРТ/МК 2030“, со што,...

Свет1 час

Нема моќно оружје за Украина: Трамп ја менува приказната по разговорите со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, но има сè повеќе знаци...

Македонија2 часа

(Фото) Министерот за здравство се вакцинира против грип: Апелирам граѓаните навреме да се заштитат

Министерот за здравство Азир Алиу денеска го посети одделението за епидемиологија во Гостивар, каде и тој прими вакцина против сезонскиот...

Европа4 часа

(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром, каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската...

Свет4 часа

Зеленски реагира на најавениот самит Трамп – Путин: тој денес пристигнува во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон за да разговараат за иднината на...

Европа4 часа

(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади „томахавки“ на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин ја споменал можноста Украина...

Регион4 часа

Пицула ја критикува ЕУ за пофалбите што ги дава на Србија: „Наместо тоа, барајте вистински реформи“

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека претставниците на ЕУ треба да се воздржат од прекумерно фалење...

Свет5 часа

Дописник на Би-би-си: Заборавете на „томахавките“, состанокот Трамп – Путин е ладен туш за Украинците

Доналд Трамп повторно се обидува да ги комбинира дипломатијата и политиката на моќ – овој пат помеѓу Москва и Киев....

Македонија5 часа

Шукова: Време е за резултати, уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека...

Свет16 часа

Трамп по телефонскиот разговор: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта

Американскиот претседател Доналд Трамп денес разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, еден ден пред најавената средба со украинскиот...

Македонија19 часа

МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна....

Македонија23 часа

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...

Македонија24 часа

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија1 ден

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија1 ден

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...

Македонија1 ден

На 35 вакцинални пункта во државата денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип, досега пријавени 43.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ...

Македонија1 ден

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во...

Македонија1 ден

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции....

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево, малтретирал и сексуално понижувал жени

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и...

Свет1 ден

Трамп: Хамас копа во урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...