Црна хроника
Во Моране најдени 50 стебла марихуава

Единицата за недозволена трговија со дрога, оружје и акцизна стока нашла и откорнала 50 стебла со височина од 140-260 сантиметри од растението „Cannabis sativa“ или марихуана, во атарот на село Моране.
Полицијата добила дојава дека во непосредна близина до реката Вардар во атарот на село Моране имало насад со марихуана, по што презела акција и ја открила точната локација на насадот, и лицата кои го одгледуваат.
„Откако е утврдена точната локација на насадот, изминатите две недели преземени се оперативно тактички мерки и активности (набљудување, опсервација и заседа) со цел откривање и фаќање на сторителот“, соопштија од МВР.
Сторителот не е откриен, а немало можност за преземање на други законски мерки, во консултација со ОЈО Скопје, од Истражен судија од Основен суд Скопје 1 Скопје побарана е наредба за корнење и вештачење на насадот.
СВР Скопје по изготвувањето на вештачењето до надлежното ОЈО Скопје ќе поднесе кривична пријава против Н.Н. сторител за кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги,психотропни супстанци и прекурзори и ќе продолжи со превземање мерки и активности за пронаоѓање на сторителите./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Со закана му барал 20.000 евра – тинејџер од Струга притворен поради изнуда

Охридската полиција поднесе кривична пријава против 19-годишниот Л.П. од Струга за изнуда.
Како што информира МВР, осомничениот во периодот од 4 до 12 август 2025 година преку мобилна апликација барал 20.000 евра од едно лице од Охрид, заканувајќи му се. При преземање на мерки кај него биле пронајдени обележани пари, по што бил приведен.
Одредена му е мерка притвор и е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Охрид.
Црна хроника
Охриѓанец силум качил 60-годишна жена во својот автомобил и ја однел дома

Полицијата синоќа го приведе 59-годишниот З.Ј. од Охрид.
Тој, според претходна пријава, со употреба на сила ставил 60-годишна жена од Охрид во своето возило „Југо“ со охридски регистарски ознаки и ја однел во неговиот дом.
По преземени мерки, жената била пронајдена во домот на З.Ј., кој веднаш бил лишен од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Автомобил управуван од млада девојка од Албанија излета од патот кај Меџитлија, повредени четири лица

Вчера на патот Битола – Граничен премин Меџитлија, патничко возило „форд“, управувано од 21-годишната А.С. од Република Албанија, излетало надвор од коловозот.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка, Н.С.(47), додека со телесни повреди се здобиле А.С., сопатничката А.С.(44) и уште една 15-годишна малолетничка, сите од Република Албанија, констатирани во Клиничката болница Битола“, соопшти МВР.
Извршен бил увид.