Македонија
Османи: Ја повикуваме Агенцијата за медиуми да обезбеди демократски и еднакви стандарди
Вицепремиерот Бујар Османи повика на рамноправното покривање на медиумите на сите партии, вклучително и еднаков третман на сите кандидати за премиер.
„За првпат во историјата на граѓаните на Северна Македонија им е овозможено да изберат повеќе од две опции за нивниот премиер. За првпат за оваа позиција се натпреваруваат не само двајцата кандидати од двете македонски партии кои ја бараат оваа позиција, туку и непартиски и независен кандидат Албанец.
„Нашиот прв премиер Албанец не само што ќе биде премиер на Албанците во земјава, туку и на сите граѓани на Република Северна Македонија; и ова е најсилниот симбол за она што го нарекуваме еднаква држава. Тоа е сигнал и за ЕУ дека нашата земја е подготвена да се приклучи на европското семејство, затоа што ги надминавме национализмот и етничките поделби“ – истакна Османи, додавајќи дека независниот и непартиски премиер не претставува само понуда за албанскиот електорат, туку и понуда за сите граѓани на Северна Македонија, кои се незадоволни од овој политичкиот „дуопол“, кој ја држеше земјата заглавена во политичката војна долги години.
„Понудата за граѓаните со нова можност, трета опција, е несомнено важен чекор во напредокот и развојот на демократијата, поради што ги повикуваме Мицковски и Заев да излезат на јавна дебата, каде ќе можат сите тројца кандидати да ги претстават и да ги соочат нивните идеи за иднината на нашата земја“ – потенцираше Османи.
На крајот Османи ги замоли и медиумите, со целосна почит кон нивната демократска одговорност и јавниот интерес, да обезбедат еднаквост во дебатите, и да ѝ понудат на својата публика фер соочување меѓу тројцата кандидати за премиер, за што изрази уверување дека очекува интересни дебати меѓу двајцата македонски кандидати Заев и Мицковски и првиот кандидат Албанец за премиер, Насер Зибери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Метеоролозите најавуваат поинтенезивни врнежи ноќеска и утре, од среда стабилизирање
Времето денес променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најпрвин во западните делови каде ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен југоисточен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во текот на ноќта. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 19 степени, јавува УХМР.
Денес најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во понеделник претпадне насекаде, ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (локално над 30 l/m²) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во западните делови од земјата. Во вторник ќе има локални врнежи од дожд со послаб интензитет, а потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со благ пораст на дневните температури.
Македонија
Герасимовски: Воведуваме „Центарска картичка“ со попусти за културни, спортски настани, локали и продавници
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека се воведува „Центарска картичка“ со попусти за културни и спортски настани, локали и продавници.
„Секој центарец добива еднаш годишно бесплатна карта за театарска претстава, а за секоја следна купена карта добива 20% попуст. Со картичката, овоможуваме и 20% попуст за натпреварите на нашиот најтрофеен клуб „Работнички“, како и попусти за влез на базен. На нашите центарци, на децата и возрасните им овозможуваме подобри услови и поволности“, рече Герасимовски.
Македонија
Почина Агим Јонуз
Политичкиот анлитичар, Агим Јонуз, почина во Скопје на 63 години по боледување.
Јонуз беше активен во политичкиот живот во Македонија не само како аналитичар и колумнист, туку и како поранешен советник и портпарол на поранешниот претседател на Собранието, Лупчо Јордановски и на поранешниот премиер Бучковски.
Во 2021 година Јонуз беше носител на листа на советници за Град Скопје предложен од „Твоја Партија“.
Јавноста го познаваше како чест гостин во политичките дебатни емисии на телевизиите.
Погребот на Агим Јонуз ќе се одржи утре, 26 октомври 2025 година, на гробиштата во Бутел.

