Спорт
Арсенал рутински со „фенерџијата“, Евертон подобар од Лестер (видео)
Арсенал, конечно, сврза две победи во низа, откако со 4:0 го декласираше последнопласираниот тим од Премиер лигата, Норич, кој сигурно плови кон втората лига, додека Евертон ја продолжи лошата низа на Лестер со 2:1 победа. Њукасл исто така беше убедлив, победувајќи со 4:0 на гостувањето кај Бурнемаут.
Пјер-Емерик Обамејанг постигна два гола, и му асистираше на Гранит Џака, а Седрик Соареш ги „дотепа“ Норич за убедлива 4:0 победа со која Арсенал ги помина Тотнехем на седмото место на табелата со 46 поени.
Евертон пак, осигура Лестер да остане без победа по рестартот на Премиер лигата, со 2:1 триумф, по кој вечерва Челси со победа над Вест хем ќе ги помине на третото место на табелата. Тимот на Брендан Роџерс може многу лесно да го загуби и местото во Лигата на шампионите, бидејќи сега Манчестер јунајтед е на само три поени од нив.
Ришарлисон уште во 10. минута ги „стресе“ „лисиците“ пред Гилфи Сигурдсон само шест минути подоцна да зголеми на 2:0. Лестер беше подобар во второто полувреме и врати еден гол преку Келечи Ихеаначо во 51. минута, но не успеа да направи пресврт.
ПРЕМИЕР ЛИГА, 32.КОЛО
Арсенал – Норич 4:0
Бурнемаут – Њукасл 1:4
Евертон – Лестер 2:1
АРСЕНАЛ – НОРИЧ
ЕВЕРТОН – ЛЕСТЕР
БУРНЕМАУТ – ЊУКАСЛ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Мењон му одбрани пенал на Чалханоглу, Милан го победи Интер
Милан го победи Интер со 1:0 во 1983-то „Дерби дела Мадонина“. Дербито го реши Кристијан Пулишиќ во 54-та минута. Апсолутен херој е голманот на Милан, Мајк Мењан, одбрани неколку тешки удари, вклучувајќи го и пеналот шт го изведе Хакан Чалханоглу во 74-та минута. Масимилијано Алегри, за кого ова е втор мандат на клупата на Милан, ја забележа 100-та победа како тренер на славниот клуб.
Победата на Милан во градското дерби направи вистонски метеж на табелата во Серија А. Рома е лидер со 27 бода, два повеќе од Милан и Наполи и три повеќе од Интер и Болоња.
Милан шести пат по ред остана непорезен во дуелите со градскиот ривал. Вечерва, Интер играше подобро, создаде неколку добри шанси, но Мењан и рамката на голот, не дозволија да се тресе мрежата на Милан.
Во првото полувреме стативата беше сојузник на Мењон по ударите на Ачерби и Лаутаро Мартинез.
Моментот на одлука се случи во 54-та минута, по ударот на Салемакерс, Зомер ја одби топката, на која налета Пулишиќ и од пет метри ја смести во голот.
Who else? The face of Milan pulls them ahead.
Christian Pulisic is back from injury and picking up where he left off. 🔥 #USMNT
— herculez gomez (@herculezg) November 23, 2025
20 минути подоцна по невнимателниот старт на Павловиќ врз Тирам, Интер доби пенал, но Мењан го прочите Чалханоглу и го одбрани неговиот удар. Турскиот репрезентативец, втор пат промаши пенал во тековната сезона, тоа му се случи во дербито со Наполи.
MAIGNAN SAVES THE CALHANOGLU PENALTY! pic.twitter.com/IanzqFnU10
— Milan Posts (@MilanPosts) November 23, 2025
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Спектакуларни ножички на Роналдо во 96-та минута
Португалецот Кристијано Роналдо повторно го воодушеви фудбалскиот свет.
Капитенот на Ал-Наср постигна можеби еден од најубавите голови откако пристигна во Саудиска Арабија.
Роналдо изведе акробација во судиското продолжение против Ал-Калеја, со што стави точка на убедливата победа (4:1).
Во шестата минута од судиското продолжение, Португалецот постигна гол со ножички, совршено ја фати топката и ја смести во горниот дел од голот на гостите.
Годините се само бројка за Роналдо, а на 40 години е способен да изведе такви акробации.
CRISTIANO RONALDO.
OH MY 🚲🤯
(via @thmanyahsports)pic.twitter.com/jEiK1GjOHd
— B/R Football (@brfootball) November 23, 2025
Спорт
Италија и без Синер ја одбрани титулата во Дејвис Купот
Најдобрите италијански тенисери ја освоија титулата во Дејвис Купот трет пат по ред.
Тимот предводен од клупата од селекторот Филипо Воландри со тоа стана првиот од 1972 година што освоил три титули во Дејвис Купот. До овој ѕспех Италија стигна без двајцата најдобри тенисери, Јаник Синер и Лоренцо Мусети.
Клучните победи за „аѕурите“ во финалето против Шпанија ги постигнаа во недела, во сингл, Матео Беретини и Флавио Коболи.
Беретини прво го победи Пабло Карењо-Буста во два сета (6:3, 6:4), а Коболи, по голема борба и пресврт, го совлада Хауме Мунар, во сетови 1:6, 7:6 и 7:5.
Натпреварот траеше речиси три часа.
Мунар беше на добар пат да обезбеди долг натпревар во двојки за титулата, но Коболи одигра брилијантно во вториот и третиот сет, го подигна темпото на играта и, воден од неверојатната енергија од трибините на салата во Болоња, го победи Шпанецот.
ITALY WITH THE HAT TRICK 🇮🇹🎩🔥#DavisCup pic.twitter.com/YhOh7OxIdp
— Tennis Channel (@TennisChannel) November 23, 2025
Колективно, Италијанците го освоија четвртиот пехар, првиот го освоија во 1976 година, се одвоија од Чешка и Германија (по три) на вечната листа и сега ја бркаат Шпанија, која има шест титули во Дејвис купот.
Foo/ EPA

