Спорт
„Чеканите“ со трилер-победа над Челси! (видео)

Вест хем и Челси одиграа супер-интересно лондонско дерби, во „чеканите“ стигнаа до луда 3:2 победа со која им го „искомпликуваа“ животот на Челси и борбата за место во ЛШ, бидејќи сега Манчестер јунајтед се на само два поени од нивното четврто место.
Вест хем први го најдоа патот до голот на противникот, откако во 34. минута постигнаа гол преку Томаш Соучек, кој контроверзно беше поништен од ВАР системот поради офсајд. Во 42. минута, уште лутина за „чеканите“, откако беше досуден пенал, кој сигурно го реализираше Вилијан. Сепак, до крајот на полувремето, Соучек уште еднаш се запиша во листата на стрелците за на одмор да се отиде со 1:1.
Мајкл Антонио во 51. минута ги донесе Вест хем во водство, за во 72. минута Вилијан (кој потпиша краткорочен договор да остане во Челси до крајот на сезоната), да постигне неверојатен гол од слободен удар за 2:2.
Меѓутоа, недостасуваше уште еден пресврт. Во 90-тата минута Андриј Јармоленко по еден фантастично брз контранапад донесе победа за „чеканите“ за да избегаат на 30 поени, три поени над зоната за испаѓање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
На сите играчи кои ќе испаднат од Серија А ќе им бидат намалени платите

Италијанската фудбалска федерација и Серија А постигнаа договор со кој платите на фудбалерите ќе бидат намалени за 25 проценти доколку нивните тимови испаднат во Серија Б.
Петгодишниот договор беше објавен денеска. Намалувањето на платите има за цел да го намали финансискиот притисок врз клубовите испаднати од Серија А и ќе важи за сите договори потпишани по 2 септември 2025 година.
Новиот систем автоматски ги намалува платите, освен ако не е поинаку наведено во договорот на играчот.
Постојните договори ќе останат предмет на претходно договорени услови. Доколку тимот се врати во Серија А, платите ќе се вратат на нивната оригинална вредност.
Колективниот договор, исто така, воведува структура на минимална плата врз основа на возраста на играчот, која не може да се намали дури ни по испаѓањето.
Спорт
Сити му нуди нов договор на Дијаш

Португалскиот репрезентативен стопер Рубен Дијаш (28) треба да потпише нов договор со Манчестер сити. Актуелниот договор му истекува во јуни 2027 година.
Тренерот Пеп Гвардиола има на располагање дури седум стопери, но најголема доверба има во Дијаш, кој има загарантирано место во првиот тим.
Сити го донесе пред пет години од Бенфика за 70 милиони евра, а досега одигра 222 натпревари за англискиот клуб.
Медиумите не споменуваат до кога ќе трае новиот договор, но јасно е дека ќе добие поголема плата. Претходниот договор му гарантираше годишна плата од 11 милиони евра.
Спорт
Шешко се договорил со Манчестер јунајтед

Трансфер сагата околу Бенјамин Шешко е се поблиску до разрешница. Њукасл и Манчестер јЈунајтед доставија понуди, а напаѓачот јасно кажа каде сака да ја продолжи кариерата.
Фудбалерот ги договорил финансиските удлови со Манчестер јунајтед. Сега на потег е Лајпциг. Клубот преферира да го продаде Шешко во Њукасл. Понудата на клубот од „Сен Џејмс Парк“ е за пет милиони евра повисока од понудата на Манчестер јунајтед.
Оваа пат позиција може да се реши на два начина. Или Манчестер јунајтед ќе ја зголеми својата понуда, или Лајпциг ќе го продаде напаѓачот во Њукасл.
Во моментов, првото сценарио изгледа поблиску. Бидејќи намарата на Шешко е преселба во Манчестер. Тој се согласи на соработка до 2030 година.
Foto/ „X“