Македонија
Утре без струја повеќе делови на Скопје
Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре без електрична енергија ќе останат:
Од 9:00 до 12:30 часот, корисниците од дел од ул. Бутелски венец и ул. 1174, дел од бул. Македонско-косовска бригада (опш. Шуто Оризари, Чаир )
Од 8:25 до 12:00 часот, корисниците од бул. Борис Трајковски, објектите спроти фабрика „Охис“, прва и главна капија (Ник Велк, Дизајн Пинтија и Електоконтакт) и објектите во и околу бивши „Типо“ и „Градинар Лозар“ (опш. Кисела Вода)
Од 9:30 до 13:00 часот, корисниците од ул. 1171, ул. Гарсија Лорка ( бр. 20 до бр. 160), ул. Брсјачка буна (од бр. 140 до бр. 190), ул. Морава, ул. Антони Дворжак, ул. Гвадалахара (од бр. 70 до бр. 150), ул. Хаџи Јован Шишков (од бр. 70 до бр. 100) (опш. Шуто Оризари )
Од 4:00 до 4:30 часот, корисниците од поголем дел од централното градско подрачје, дел од населба Пролет, јавните институции и другите објекти на кеј на Вардар, плоштад Карпошово востание, Веро Џамбо, дел кај Зелен пазар, дел од Кисела Вода од зградата Пегла до Технички преглед (опш. Центар, Кисела Вода )
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

