Македонија
Јанушев од Чашка: 160 милиони евра за земјоделците и навремени субвенции

Носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДМНЕ во изборната единица 3, Игор Јанушев, од Чашка наброи многу проекти од програмата, како што се 20 % зголемување на пензиите, покачување на платите за 25%, намалувањето на невработеноста под 10%, 160 милиони евра секоја година за земјоделците и навремени субвенции.
Тој во својот говор се осврна на програмата и посочи дека таа е внимателно направена, со 20 % зголемување на пензиите за секој пензионер, покачување на платите за 25% во просек, подобрување на условите кои живееме, намалувањето на невработеноста под 10%, здравство кое ќе биде на ниво со грижа за сите граѓани, 160 милиони евра секоја година за земјоделците и добивање субвенции навремено, се само дел од проектите кои ги наброи Јанушев во Чашка
„На 360 страници имаме илјада проекти за подобрување и проекти за секој еден од вас, да нема еден од вас од општина Чашка кој ќе биде незадоволен од тоа што ќе го правиме, а ќе правиме многу“, вели Јанушев.
Јанушев вели дека нема да биде лесно, напротив ќе биде многу тешко и ќе треба макотрпна работа, но ВМРО-ДПМНЕ е спремно на тоа.
„ВМРО-ДПМНЕ кога ветува и исполнува, она што е значајно за овој регион е автопатското поврзување од Скопје до јужната граница, кое ги поврзува Скопје, Велес, Прилеп, Битола до граница, овие десетина години нема кој не го најавил, но јас тука давам збор дека ние тоа ќе го реализираме“, рече Јанушев.
Јанушев исто така говореше и за криминалот на власт и порача дека ако изборот е помеѓу Заев и Македонија, нема човек во државата што нема да ја одбере Македонија и ги повика сите граѓани, без разлика на нивните ставови, зашт,о како што вели, ВМРО-ДПМНЕ подава рака на сите на 15 јули.
„Ред е да сфатиме дека оваа наша генерација ќе ја промени насоката по која ќе се движи Македонија, ред е да имаме пристоен и достоинствен живот“, рече Јанушев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Врнежи од снег и паднати дрвја на патот Никфорово-Леуново-Бунец, сообраќајот во прекин

На регионалниот пат Никфорово-Леуново-Бунец од 23:20 часот, сообраќајот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловоз, извести АМСМ.
Се интервенира за негово расчистување.
Во текот на денот и вечерва вработените од Ј.У.Н.П. „Маврово# со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрва кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово – Дебар и околу Мавровското езеро.
Македонија
Петрушевски: Венко Филипче ти имаш фирми во Бугарија, на адреса со Заев каде се свртеа 9 милиони од јагленот од РЕК

„Вечерва Венко Филипче, пред 30-тина луѓе во мала сала во Кисела Вода, потрошил голем дел од својот говор за да ме навредува. Редно е да одговорам“, напиша на социјалните мрежи Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко, најмалку ти имаш право кој било да го обвинуваш за „лажење“ и „бугаризација“. Јас немам бугарски пасош, немам фирми во Бугарија и немам тајни зделки зад грбот на народот. Ајде еднаш биди искрен и признај дека токму ти си синоним за милионски шеми со фирми во Петрич, заедно со браќата!
Не мора на мене, туку на јавноста дај и одговори: Каде завршија 9 милиони евра од јагленот за РЕК Битола? Зошто на иста адреса во Петрич се појавуваат фирми на твоето семејство и на Вице Заев? Дали тие пари завршуваа во ваши фотоволтаични централи, додека народот го оставивте да плаќа скапа струја? Дали преку бугарски фирми финансирате бизниси по светот, додека Македонија ја потонавте во сиромаштија?
Ова се вистинските прашања, Венко.
Не лажи дека јас или Христијан Мицкоски имаме такви врски. Ние немаме ниту бугарски пасоши, ниту скриени фирми. Ние имаме чесна и чиста биографија.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се јасно определени за Македонија во ЕУ, но како достоинствена држава, без понижувања и без тргување со националните интереси.
Доста е од лицемерието Венко! На народот му е јасно дека додека си трупавте милиони преку Бугарија, граѓаните останаа со празни џебови“, вели Петрушевски.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.