Спорт
Буфон по рушењето на рекордот: Ќе играм до мојата 43-та година
Џанлуиџи Буфон планира да остане во фудбалот „барем додека не наполнам 43 години“ и признава дека уште има амбиција да ја освои Лигата на шампионите.
Буфон стана рекордер по бројот на настапи во Серија А во саботата при 4:1 победата над Торино, настапувајќи во 648. меч од италијанската лига, подобрувајќи го рекордот на Паоло Малдини.
„Чекав долго време за овој рекорд, но тоа не беше проблем. Во моментов играме многу мечеви и притисокот кој го имав беше само на овој меч. Сега сум среќен, но претходно не размислував на рекордот. Кога бев помлад имав многу соништа и никогаш не бев задоволен. Сфаќам дека е потребно да имам вистинска мотивација и да го покажам на теренот. Тука сум барем до мојата 43-та година, но откако наполнив 40 години размислувам само месец за месец. Кога нема да бидам способен да играм на високо ниво ќе се тргнам. Но, додека сум во вистинска форма, нема нешто што ме прави посреќен од фудбалот“, вели Буфон.
Тој се врати во Торино минатото лето откако не успеа да стигне до титулата од Лигата на шампионите со Пари Сен-Жермен.
„Лигата на шампиони е нешто што постојано ми се врти во главата. Бев толку блиску многу пати и тоа што не сум го кренал тој трофеј останува главната желба“, додава Буфон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Рома загуби од Милан и остана без Дибала
Паоло Дибала е трагичарот на дербито меѓу Милан и Рома. Аргентинецот промаши пенал во 82-та минута, при водство на противникот 1:0. Рома го загуби дербито и остана без Дибала, кој се повреди.
„Најлошото нешто во врска со пеналот е што Дибала се повреди. Мора да видиме колку долго ќе биде надвор од теренот, сигурно до крајот на репрезентативната пауза. Тоа е најголемата загуба за нас вечерва, откри тренерот на Рома, Џанпјер Гасперини.
Пауло Дибала, прв пат промаши пенал како играч на Рома, со што заврши неговата успешна серија од 18 успешно изведени пенали.
Ла Хоја не реализира пенал од 30 ноември 2021 година, кога беше непрецизен за Јувентус во дуелот со Салернитана.
По дербито на „Сан Сиро“ и победата на Милан, на врвот во Серија А е вистински метеж. Лидер е Наполи со 22 бода, а зад него се три екипи со бод помалку: Интер, Милан и Рома.
Foto/ EPA
Спорт
Само Оклахома нема пораз од почетокот на сезоната во НБА лигата
Шампионот на НБА, Оклахома Тандер, остана единствениот непоразен тим во новата сезона.
Тандер до седмата победа во исто толку натпревари дојдоа против слабиот Њу Орлеанс со 137:106. Њу Орлеанс заедно со Бруклин Нетс, останаа единствената франшиза без триумф во сезоната досега.
МВП-то од минатата сезона, Шеј Гилџис Александар, постигна 30 поени, со совршени 13/13 од линијата за слободни фрлања. Шеј влезе во аналите како трет кошаркар со најдолга серија од „20+“ поени. Тој го стигна Оскар Робертсон со 79 врзани натпревари, со споменатиот број поени, додека само Вилт Чемберлен (92 и 126) има подолга серија од Канаѓанецот.
Во триумфот, помош доби од Вигинс (15), Хартенштајн (14), Џо (14) и Волас 13 поени. Зајон Вилијамсон постигна 20 поени како најефикасен играч во тимот што загуби, но промаши половина од своите 12 слободни фрлања.
Сан Антонио и Чикаго ги претрпеа своите први порази во сезоната.
Феникс Санс ги декласираа Спарс во Аризона со 130:118, а Виктор Вембањама постигна само 9 поени (4/14 шут, 1/5 за три), заедно со девет скока и четири блокади, но и шест загубени топки.
Само Стефон Касл со 26 поени беше на исто ниво во Сан Антонио. Девон Букер го предводеше Феникс со 28 поени и 13 асистенции. Санс постигнаа 19 тројки од 33 обиди.
По пет последователни победи, Чикаго Булс го положија оружјето во Њујорк. Никс славеа со 128:116.
Шестмина кај Њујорк имаа двоцифрен број на постигнати поени. Ги предводеше најефикасниот Џејлен Бренсон со 32 поени, Ануноби додаде 21, Таунс 20. Џош Гиди беше најефикасен кај Булс со 23 поени, Никола Вучевиќ забележа дабл-дабл од 17 поени и 14 скока (3/4 за три). Никсите постигнаа 20 тројки од 42 обиди, а Булс 17 од 40.
Спорт
Мбапе израмни рекорд на Кристијано Роналдо
Килијан Мбапе го израмни рекордот поставен од Кристијано Роналдо додека играше за Реал Мадрид.
Францускиот фудбалер беше двоен стрелец на натпреварот против Валенсија, што беше негов осми натпревар по ред во кој успеа да постигне гол.
Го израмни рекордот на Португалецот, разликата е само што Роналдо постигна 19 гола во осум последователни натпревари, додека Мбапе стигна до бројката од десет гола.
Следниот рекорд би можел да биде ако Мбапе постигне гол против Елче и Џирона.
Откако пристигна во шпанската престолнина, светскиот шампион од 2018 година одигра 73 натпревари, со учинок од 62 гола и седум асистенции.

