Спорт
Честнат пак е шампион во јадење хот-дог – 75 за само 10 минути (видео)

Американецот Џои Честнат по 13-ти пат во 14 години стана шампион во јадење хот-дог, откако изеде неверојатни 75 во само 10 минути, победувајќи го најблискиот конкурент за дури 33 хот-дога!
Ова е „традиционално“ натпреварување кое се оддржува на американскиот Ден на независноста, а Честнат уште еднаш докажа дека нема конкуренција, рушејќи го својот рекорд од 74 хот-дога. Тој изеде 12 хот-дога во првата минута и имаше просек од 7.5 хот-дога во една минута, заработувајќи 10.000 долари за победата.
„Не беше лесно. Знаев дека имам брз почеток, а морам да ги пофалам и готвачите дека направија добри хот-догови“, изјави Честнат за „ЕСПН“.
Мики Судо беше шампионка кај дамите по седми пат едноподруго, јадејќи 48.5 хот-дога.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Египет ги декласираше Русите, Франција со четири победи во четири меча

Домаќинот на Светското првенство во ракомет, Египет, стигна до импресивна убедлива победа од 28:23 над Русија за да си ги зголеми шансите за пласман во четврт-финалето на Мундијалот, додека „вечниот“ фаворит, Франција, повторно беше неубедлив, но се врати за 29:26 победа над Алжир за четврта победа во четири меча на шампионатот.
Египет и Русија почнаа израмнето во првите десетина минути од мечот, по што Египет полека ја презеде контролата, за со 5:0 серија во финишот на полувремето да направи предност од седум гола (15:8), која Русите не успеаја да ја достигнат во подоброто второ полувреме. Шабиб со осум и Елахмар со седум гола беа лидери на Египет, додека Французите, пак, имаа лош старт против Алжир, пред да се соземат и да направат два гола предност на полувреме (16:14), која ја одржаа до средината на второто полувреме, кога африканската репрезентација повторно израмни. Сепак, искуството го направи своето и „триколорите“ сега се фаворити за пласман во четврт-финалето од својата група. Фабрегас, Мае и Мем имаа по четири гола за Французите.
СП ЕГИПЕТ, ВТОРА РУНДА
ГРУПА 3
Швајцарија – Исланд 20:18 (10:9)
Франција – Алжир 29:26 (16:14)
Португалија – Норвешка 20.30 ч.
Табела: 1.Франција 6, 2.Португалија 4, 3.Исланд 2, 4.Норвешка 2, 5.Швајцарија 2, 6.Алжир 0
ГРУПА 4
Македонија – Словенија 21:31 (9:13)
Русија – Египет 23:28 (8:15)
Шведска – Белорусија 20.30 ч.
Табела: 1.Шведска 4, 2.Словенија 4, 3.Египет 4, 4.Русија 3 5.Белорусија 1, 6.Македонија 0
Спорт
Умар Нурмагомедов го остави Морозов во несвест во УФЦ дебито

Умар Нурмагомедов, братучедот на УФЦ шампионот во лесна категорија Хабиб, ја оствари својата прва УФЦ победа на спектакуларен начин, „давејќи“ го поранешниот М-1 Глобал шампион, Сергеј Морозов на „Островот на борбите“ во Абу Даби.
Првата рунда беше конкурентна и иако Нурмагомедов покажа добар микс на удари, соборувања и транзиции, Морозов добро се држеше и самиот упати одлични удари. Во втората, 24-годишниот Нурмагомедов со нога го погоди Морозов во глава, и насоката на мечот се смени и Морозов немаше шанси, на крајот останувајќи во несвест по крајот на мечот.
Со братучедот Хабиб покрај рингот, Нурмагомедов го подобри својот скор во ММА борбите на 13-0, додека Казахстанецот Морозов доживеа пораз по пет победи во низа.
Lo duerme!!!! @UmarNmgdv somete a Sergey Morozov en round 2! #UFCFightIsland8 pic.twitter.com/FS8r6EZ15e
— ufcespanol (@UFCEspanol) January 20, 2021
Спорт
Несторовски не придонесе за бодот за Удинезе против Аталанта

Македонскиот фудбалски репрезентативец Илија Несторовски остана на клупата за резерви на денешниот меч меѓу Удинезе и Аталанта што заврши со поделба на бодовите, 1-1.
Тимот од Удине поведе со 1-0 по само 24 секунди игра на мечот. Стрелец беше Рикардо Переира.
Сепак, фаворитот на овој дуел, тимот на Аталанта во 44 минута со голот на Муриел, по додавањето на Песина го израмни резултатот на 1-1.
Ова беше осми меч за „црно-белите“ на кој не доаѓаат до победата. Затоа Удинезе сега е на 15-тата позиција со 17 бода на 18 меча во Серија А.
Аталанта, пак, останува шестопласирана со 33 поени.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот