Спорт
Барса одговори со победа кај Вилјареал (видео)

Барселона стигна до 4:1 победа на гостувањето кај Вилјареал со одлично прво полувреме во кое Антоан Гризман и Луис Суарез постигнаа по еден гол, а Лео Меси двапати асистира за конечно да профункционира нападот на Каталонците. Со трите освоени поени, Реал сега бега четири поени на четири меча до крајот на сезоната во Ла Лига.
Торес си постигна автогол уште во третата минута од мечот, но „подморницата“, која игра во одлична форма, преку Жерард Морено во 14. минута успеа да го врати балансот.
Тогаш на сцена стапи Меси, кој прво во 20. минута му асистира на добриот пријател Суарез за во 45. минута да му додаде и на Гризман, кој постигна убав гол од работ на шестнаесетникот. Меси ја стресе мрежата на домаќините во 69. минута, но голот беше поништен поради офсајд пред во 86. минута Ансу Фати да ја комплетира победата за враќање на разнишаната самодоверба кај Каталонците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вирц откри зошто го избрал Ливерпул пред Баерн

Флоријан Вирц го оствари рекордниот трансфер ова лето. Така и ќе остане доколку Њукасл не се согласи да му го продаде на ливерпул, Александер Исак. Ливерпул со трансферот на Вирц го урна англискиот рекорд, на Баер Леверкузен му плати 125 милиони евра.
За многумина вистински шок предизвика одлуката на Вирц да се пресели на „Енфилд“. Најмногу шокирани беа челниците на Баерн Минхен. Долго време се шпекулираше дека тлентираниот играч од редот за врска кариерата ќе ја продолжи во најтрофејниот германски клуб.
„Исто како пред пет години, кога го напуштив Келн на 16 години и отидов во Леверкузен, барав место каде што најдобро ќе можам да ги развијам моите фудбалски вештини и каде што ќе можам да станам најуспешен играч“, рече Флоријан Вирц и додаде:
„Затоа го избрав Ливерпул. Сè уште не сум се покајал. Интензивно ги истражував двата клуба, не беше лесно да донесам одлука. Но, ја донесов со 100 проценти убедување и сум среќен поради тоа.“
Тој сакаше да ја промени земјата, бидејќи верува дека тоа е поголем предизвик, дека на тој начин ќе напредува побрзо и повеќе. И како играч и како личност.
„Голем чекор е да се оди во друга земја и да се соочиш со сите промени. Исто така, да се прифати нова улога во тим со различен стил. Дефинитивно би рекол дека е поголем предизвик, свесно го избрав за да станам подобар играч.“
Foto/ EPA/ADAM VAUGHAN
Спорт
Милан се откажа од Бонифејс, тргна по наследникот на Ѓекереш

Фудбалскиот клуб Милан се откажа од трансферот на Виктор Бонифејс поради проблемите со повредата на Нигериецот. Бонифејс беше во Милано, се појави на медицинските прегледи, по што клубот реши да се откаже од напаѓачот. Откако им пропада обидот да го донесат Бонифејс, челниците на милан го катиираа „планот Б“, а тој се вика Конрад Хардер.
Хардер е 20-годишниот напаѓач на Спортинг Лисабон. Талентираниот Данец пристигна во главниот град на Португалија од Нордсјеланд пред помалку од една година, во трансфер вреден 19.000.000 евра.
Оттогаш, тој одигра 51 натпревар за португалскиот шампион, забележа 12 гола и седум асистенции. Физички и во однос на стилот на игра, тој наликува на Виктор Ѓекереш. Хардер беше проектиран за наследник на швеѓанецот кој се пресели во Арсенал.
Милан за трансферот на младиот Данец ќе треба да издвои 27.000.000 евра.
Спорт
(Видео) Општа тепачка на Американскиот куп, не се знае кој кого удира

„Третото полувреме“ од натпреварот помеѓу Аргентина и Доминиканската Република беше скандалозно.
Играчите започнаа физичка пресметка, на центарот од теренот и за момент не беше јасно кој кого удира.
Речиси половина минута траеше сериозниот инцидент во салата во Никарагва, каде што се одржува Американското првенство.
Доминикана славеше по драмата и продолжението (84:83), во второто коло од Групата Ц.
Се очекува реакција од Светската кошаркарска федерација (ФИБА), како и можни санкции.
I campionati americani sono iniziati all'insegna della sportività. Questi sono i dominicani e gli argentini che si salutano dopo il match vinto dai primi. È commovente vedere tutti questi baci e abbracci tra giocatori.
(via @Eurohoopsnet)pic.twitter.com/7RAG22GEyH
— La Giornata Tipo (@parallelecinico) August 25, 2025