Македонија
Македонски концепт: СДСМ ја стави на залог и ја забави интеграцијата во ЕУ поради компромисот со криминалците од минатото
Македонските концепт соопшти дека како политичка платформа на граѓански активисти се залага за законска и обврзана одговорноста за дадените политички ветувања, за казнивост и понесување казнена одговорност за политичарите и функционерите на власт, за целосно и сеопфатно владеење на правото.
„Почитувани граѓани, СДСМ е партијата која воведе правило на неказнивост на функционери и политичари во оваа земја. Ја суспендираа правдата и не донесоа реформирано судство. Срамота е сега на овие избори да го ветуваат тоа кое не го исполнија во последниот период. СДСМ ја стави на залог и ја забави нашата интеграција во Европската Унија, токму поради компромисот што го направи со криминалците од минатото. Без тоа ќе бевме веќе започнати со преговори со Европската Унија. СДСМ мора да сноси одговорност на овие избори за забавената европска интеграција, на база на суспендираниот правен систем во земјава“, истакнува Петар Богојески.
Македонски концепт истакнува дека нејзиниот услов за формирање влада ќе биде носење неколку клучни закони, закон за политички партии, закон за пратеници волонтери и закон за финансиска лустрација на политичарите и за понесување одговорност за неисполнети политички ветувања. Овие принципи и вредности за кои се залага Македонски концепт ќе предизвикаат демократизација на земјата и создавање влада и парламент, кои ќе работат за доброто на граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Од АМСМ известуваат дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти АМСМ.
Македонија
Дел од Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани прекини и тоа:
· во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците на улиците 393 и Стојна Стевкова, општина Чаир.
Македонија
(Видео) Работници од Индија кои никогаш не виделе снег, за прв пат му се радуваат овде во Македонија
Работниците од Индија кои работат на автопатот Прилеп-Битола и се сместени во кампот на “Бехтел и Енка”, за прв пат гледаат снег во Македонија, па одлично се забавуваа и уживаа во белата покривка.

