Црна хроника
Уште една дрска кражба во црквата Света Богородица во Дебар
Во црквата „Света Богородица“ во Дебар украдени се повеќе вредни икони. Кражбата која била извршена со уривање на ѕидови и кршење прозорци на најдрзок начин била откриена во понеделникот, но засега не е познато кога е извршен вандалскиот чин.
Оваа го изјави за Макфакс попладне во понеделникот отецот Благоја Спировски, огорчен од оваа трета по ред кражба на икони во истата црква која се наоѓа во населбата Варош во горниот дел на градот.
Украдени се многу значајни стари икони од оваа црква, и веднаш по дознавањето за кражбата е известена полицијата која во моментов врши увид.
Досега од оваа црква се украдени голем број на икони и нема информации дали се тие пронајдени, вели отец Спировски и додава дека оваа црква постојано е на удар на крадци ,кои засега не се откриени./крај/мф/мн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец ги нападнал 70-годишната мајка и сестра си
Полицијата вчера го приведе Д.З.(39) од скопско село, по претходна пријава дека околу 14 часот во семејниот дом физички ги нападнал неговата 70-годишна мајка и неговата 43-годишна сестра.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.
Црна хроника
Татко си го убил синот со ловџиска пушка, па седел покрај телото во станот додека не ги пронашле
Обвинителството донесе наредба за спроведување истражна постапка против 65-годишен тетовец за кого постои сомневање дека го убил својот син.
Според информациите на Обвинителството, тој го убил својот 39-годишен син со ловџиска пушка. Двајцата живееле заедно, а на убиството претходела расправија.
Куршумот го погодил синот во градниот кош и тој веднаш починал, а таткото седел во станот со безживотното тело на починатиот додека не ги пронашле.
Се бара притвор за 65-годишникот.
Црна хроника
Тешко повреден пешак од Жировница
Вчера во 10.30 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека во село Жировница, општина Маврово и Ростуше, патничко возило „ауди“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Е.А.(49) удрило во пешак Ш.А.(78), двајцата од село Жировница.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.