Спорт
„Давид Луиз и Мустафи се топ играчи“

Голманот на Арсенал Емилијано Мартинез има само пофални зборови за соиграчите Давид Луиз и Шкодран Мустафи.
Последната линија пред голманот која најчесто ја предводат Луиз и Мустафи често е критикувана од аналитичарите и навивачите на Арсенал. Аргентинскиот голман кој го замини повредениот Бернд Лено има поинакво мислење.
„Верувајте Давид и Мустафи се фантастични играчи. Двајцата долго години играат на врвно ниво. Кога ќе играш против голем тим и направиш грешка добиваш казна. Тогаш луѓето вината ја бараат во нашата одбрана. но јас се чувствувам безбедно на голот кога во игра се тие двајца“, рекол Мартинез.
Инаку одбраната на Арсенал на последните три натпревари нема примено гол.
„Сега имаме структура, начин на игра. Делуваме се посилно и посилно. Забележавме неколку „клин шитови“ и сега луѓето зборуваат дека нашата одбрана е солидна.“
Арсенал се наоѓаат на седмото место во Премиерлигата, а во 34 коло, вечерва ќе го пречекаат Лестер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Флуминензе и Борусија одиграа без голови на клупскиот Мундијал

Фудбалерите на Борусија Дортмунд и Флуминензе одираа натпревар без голови на Светското клупско првенство во САД.
Дерби натпреварот од првото коло од Групата Ф на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси заврши со најнепопуларниот резултат, 0:0. Секогаш е интересно и неизвесно кога се натпреваруваат Германците и Бразилците, но овој пат играчите на им двата тима останаа должни на фудбалските фанови.
И за овој натпревар немаше голем интерес кај навивачите, на стадионот со капацитет од малку повеќе од 80.000 седишта, имаше точно 29.755 гледачи.
Фудбалерите на Флуминензе, шампионот на Јужна Америка од 2023 година, беа нешто поопасни, особено во второто полувреме кога голманот на Борусија, Грегор Кобел, се истакна во неколку ситуации. Особено во 70-та минута кога Евералдо имаше добра шанса.
Капитен на тимот од Рио де Жанеиро беше легендарниот бразилски репрезентативец и поранешен дефанзивец на Милан, Пари Сен Жермен и Челзи, 40-годишниот Тијаго Силва.
19-годишниот Џоуб, помладиот брат на англискиот репрезентативец и фудбалер на Реал Мадрид, Џуд Белингам, дебитираше за тимот на Нике Ковач. Тој пристигна од Сандерленд за околу 30 милиони евра. Влезе во игра во 59-та минута наместо Паскал Грос.
Јужнокорејскиот Улсан ХД и Мамелоди Сандаунс од Јужна Африка играат во истата група вечерва на полноќ.
Во второто коло на 21 јуни ќе играат Мамелоди Сандаунс – Борусија Дортмунд (18.00) и Флуминенсе – Улсан ХД (24.00).
Спорт
Вардар, Силекс и Работнички ги дознаа противниците во Конференциската лига

Фото/ ффм.мк
Македонските тимови Вардар, Силекс и Работнички ги дознаа имињата на противниците со кои ќе се соочат во првото квалификациско коло во Конференциската лига.
Вардар од можните четири притивници го доби најпосакуваниот, фудбалскиот клуб ла Фиорита од Сан Марино.
Силекс во првата квалификациска рунда ќе се соочи со црногорскиот претставник Дечиќ, додека Работнички доби противник од Белорусија, фудбалскиот клуб Торпедо.
Бидејќи не беа носители, македонските тимови, првите натпревари ќе ги играат на домашен терен.
Првите натпревари ќе се одиграат на 10, а реваншите на 17 јули.
Спорт
Велшки предизвик за Шкендија во првото квалификациско коло

Шампионот на Македонија, Шкендија, во првото квалификациско коло, во Лигата на шампионите ќе се соочи со првакот на Велс, ТНС:
Првиот натпревар ќе се одигра на 8 или 9 јули во Македонија, а реваншот е на програмата една недела подоцна во Велс.
Шкендија и ТНС играа во 2018 година, исто така во првото квалификациско коло. Шкендија победи дома со 5:0 (четири гола постигна Ибраими), а ТНС во реваншот беше на чекор до сензација, победи со 4:0